ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска: Стареењето и миграцијата опфатени во Демографската стратегија и Националната стратегија за развој

October 19, 2023 12:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: МТСП

Фото: МТСП

Во Република Северна Македонија, сведоци сме на слични промени во трендовите на населението како што се гледаат во регионот на Источна Европа како што е стареењето и миграцијата. Овие предизвици и аспектите на демографската отпорност се опфатени во тековното ажурирање на Демографската стратегија и Националната стратегија за развој што во моментот е во финална фаза на изработка, истакна министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на регионалната конференција „Население и развој: Гарантирање на права и изборот“ во организација на UNECE/UNFPA, во Женева.На конференцијата беа истакнати точките на напредок во имплементацијата на Програмата за акција од Меѓународната конференција за население и развој од 1994 година.

Тренчевска во своето обраќање зборуваше за клучните точки од Националниот извештај за ICPD30 што беше развиен во пресрет на конференцијата.

Таа се осврна и на новата Национална стратегија за млади 2023-2027 година и истакна дека истата е развиена со придонес на преку 1000 млади луѓе. Тренчевска посочи дека на таков начин се таргетирани приоритетите на младите како што е пристапот до информации и услуги, поддршка за одржување на нивното здравје и благосостојба, квалитетно образование, учество и вработување.

Таа зборуваше и за напредокот на прашањето за родова еднаквост во државата со фокус на родовата еднаквост во приватниот сектор.

– Во постигнувањето на родовата еднаквост, дозволете ми да ја истакнам важноста на родово сензитивните политики во приватниот сектор кои ги одразуваат одлуките за основање семејство и споделување на семејните обврски, рече министерката.

На крајот од своето излагање, Тренчевска повика на соработка и истакна дека со градење на сојузи и поттикнување на поголема транспарентност и одговорност, регионот може да се справи со предизвиците кои ги надминуваат капацитетите на земјите поединечно.

Покрај министерката Тренчевска, на конференцијата учесници на делегацијата од РСМ се и Теута Агаи-Демјаха, амбасадор и ПП на Република Северна Македонија при ООН во Женева Ана Данева-Маркова, претседател на Комитетот за безбедно мајчинство Наташа Димеска, шеф на кабинет во министерството за труд и социјална политика Афродита Шаља-Плавјанска, шеф на канцеларијата на УНФПА-Скопје Бурим Билали, советник во ПМ на Република Северна Македонија при ООН во Женева Александар Трајкоски, втор секретар во ПМ на Република Северна Македонија при ООН во Женева, и Анисија Угриновска, младински делегат на ОН.

Tags: демографијаЖеневаТренчевска
Next Post
euractiv.com

Шефицата на германската дипломатија во посета на Јордан, Израел и Либан поради кризата во Газа

НАЈНОВО

Федерацијата со апел до навивачите да дадат поддршка на македонските кошаркарки за мечот со Унгарија

August 19, 2025

Потпишан Меморандум за соработка со Германскиот археолошки институт на локалитетот Скупи

August 19, 2025

Ангелов: Сè уште активен еден крак на пожарот во ловиштето Јасен

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk