ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вечерва стартува 42. Скопски џез фестивал

October 19, 2023 09:34
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Премиерната изведба на делото „After the Wildfire”, специјално за оваа прилика компонирано од страна на реномираните норвешки џез автори Јан Банг и Арве Хенриксен, а аранжирано и диригирано од нашиот Џијан Емин, ќе го означи почетокот на годинешниот 42. Скопски џез фестивал, вечерва во 20 часот во Националната опера и балет. Во изведбата на ова нарачано дело, составено од осум композиции напишани за труба, семплер, оркестар, перкусии, кавал, зурла и глас, покрај неговите автори како солисти, ќе учествуваат и норвешкиот перкусионист Ингар Зак, многубројниот оркестар на институтот „Фејмс“, како и неколку познати македонски пејачки и кавалџии. Јан Банг е реномиран норвешки музичар, композитор, продуцент и професор, како и уметнички директор на познатиот Punkt Festival. Тој е еден од најуспешните и највлијателните продуценти во Норвешка и своевиден музички иноватор. Арве Хенриксен, од друга страна, е веројатно најсестраниот норвешки музичар од неговата генерација, познат по извонредно уникатниот и индивидуален звук на трубата. Тој е еден од најелоквентните соработници во современата музика, кој има работено со огромен број светски музичари, како: Дејвид Силвијан, Џафер Јусеф, Џон Хасел, Хоуп Сандовал, Лори Андерсон, Џон Пол Џонс, Руичи Сакамото, Јон Балке, Мерлин Мазур, Арилд Андерсен и многу други. Банг и Хенриксен првпат настапија на Скопскиот џез фестивал во 2009 година, во иста вечер со покојниот Џон Хасел, а Банг во исто време беше и дел од бендот на Хасел.

Програмата продолжува во МКЦ, каде што, во 23 часот, ќе настапи култниот композитор, корнетист, пејач, поет и еклектичен ерудит Бен Ламар Геј со неговиот ансамбл. Станува збор за еден од најоригиналните џез-уметници денес, претставник на инспиративната чикашка музичка сцена и потписник на водечката издавачка етикета во светот кога станува збор за современа креативна музика, International Anthem. Звукот на Геј поседува уникатен, препознатлив стил што тој го нарекува „Pan-American“, со широк спектар на влијанија: од џез до фанк, од R&B до тропикалија и од хип хоп до електро и современа класика. Кај него, обединувањето на различните стилови е секогаш во служба на наративот, а никогаш чисто покажување на техника. Со неговиот вокал и корнет како темел, тој гради колоритни творби кои знаат да звучат радикално, од една страна, но и топло и привлечно, од друга страна. На сцената, ова може да отиде во непредвидливи правци, благодарение на блиската и интуитивна соработка со членовите на неговиот бенд. Активноста на експерименталната музичка сцена во Чикаго, како и тригодишниот престој во Бразил, му донесе соработки со бројни влијателни појави во светот на музиката, како: Асоцијацијата за унапредување на креативните музичари (AACM), Никол Мичел, Џеф Паркер, Џорџ Луис, Џејми Бранч, Макаја Мекрејвен, Томика Рид, Natural Information Society, Дејмон Локс, Џошуа Абрамс, Мајк Рид, Bixiga 70 и Енџел Бет Дејвид, меѓу другите. Го нарекуваат „визионер“ (The New York Times), „спектакуларно оригинален“ (Afropunk), „невозможно е да го категоризираш“ (Pitchfork) и „без дилеми, еден од моите омилени музичари на планетава денес“ (Џеф Паркер).

Tags: Скопски џез фестивал
Next Post
Скриншот

Во Газа убиени 3 478 луѓе, ранети повеќе од 12 000

НАЈНОВО

Косово со зголемен пораст на самоубиства, организации бараат поголема поддршка за маргинализираните групи

August 20, 2025

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk