ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СДСМ Прилеп: Градоначалникот Јовчески на кукавички начин избега да присуствува на седница од Советот

October 20, 2023 16:03
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА

Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, избегал да присуствува на седница од Советот на Општина Прилеп, неодговарајќи на прашањата од советниците за отчет за сработеното во првите две години од неговиот мандат, соопштуваат од СДСМ Прилеп.

„На денешната 33 седница на Советот на општина Прилеп, градоначалникот Борче Јовчески и ВМРО-ДПМНЕ го допреа дното. На доставеното барање од страна на советничката група на СДСМ и Коалицијата за проширување на дневниот ред на седницата со дополнителна точка за поднесување Информација од страна на градоначалникот за сработеното во првите две години од неговиот мандат, Борче Јовчески одговори со – бегство!“, реагираат од ОО СДСМ, Прилеп.

Оттаму велат дека „иако градоначалникот има и законска и морална обврска пред јавноста да поднесе отчет за сработеното за секоја година од неговиот мандат, Борче Јовчески на срамен и кукавички начин избега и од членовите на општинскиот Совет, и од граѓаните на општина Прилеп.

„Наместо во големата сала на Општина Прилеп, меѓу советниците, градоначалникот Јовчески одбра седницата да ја следи од неговиот кабинет, со што дрско и безобразно ги понижи своите сограѓани. За срамот да биде поголем се погрижија неговите сопартијци од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, кои гласаа ПРОТИВ предлогот на СДСМ и Коалицијата за поднесување отчет од страна на градоначалникот Јовчески. На тој начин и претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ и воедно претседател на општинскиот Совет, Дејан Проданоски, призна дека се срами од неспособноста и неработењето на Борче Јовчески.

Бегајќи од седницата на Совет, градоначалникот БорчеЈовчески избега да даде одговори на прашањата:

  • како и за што за само две години потроши близу 50 милиони евра буџетски средства;
  • со кое право “фрли во бунар“ 700.000 евра за привремени вработувања на партиски војници;
  • зошто прилепчани добија Решенија со енормно зголемен данок на имот;
  • кој е виновен што јавните комунални претпријатија се наоѓаат пред банкрот;
  • што стана со ветените катни гаражи и кружни текови;
  • каде е бесплатниот оброк за учениците од прво до петто одделение;
  • зошто улиците наликуваат на „швајцарско сирење“ а градот е потонат во мрак?

На ниедно од наведените прашања градоначалникот Јовчески нема одговор од причина што во двете години од неговиот мандат не реализира ниту едно изборно ветување. Борче Јовчески е најголемата елементарна непогода која ја зафатила нашата општина и најнеспособниот градоначалник во историјата на Прилеп. Од тие причини, во интерес на градот и на граѓаните на општина Прилеп, Борче Јовчески треба да поднесе итна и неотповиклива оставка од градоначалничката функција!“, се наведува во реакцијата од СДСМ Прилеп.

Tags: Борче ЈовческиПрилеп
Next Post
Фотомонтажа„ Д. Мишев / ЦивилМедиа

Дезинформациите за конфликтот на Блискиот исток пуштени на најјако

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk