ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Обединета Македонија од мевот на Мицко

October 22, 2023 10:13
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

УЕФА му одреди на Литванскиот фудбалски сојуз казна од 10.000 евра поради навивачкото навредување на Владимир Путин во текот на натпреварот меѓу репрезентациите на Литва и Србија (1:3) во рамките на квалификациите за Европското првенство во фудбал.

Помислив дека е некоја заебанција, обаче, веста беше точна.

Како и супериорните реакции на литванските фудбалери и на нивниот сојуз. Претседателот на Сојузот, Едгарас Станкевичиус изјавил дека не планира да ги замоли навивачите да не скандираат против монструмот од Москва

-Сите навивачи и цела Литва го поддржуваат ваквото навивање. Сигурно нема да барам од навивачите да останат воздржани – порача претседателот, а еден од лидерите во екипата, Јустас Ласичкас, отиде и чекор понатаму така што преку социјалните мрежи ги поттикна навивачите да продолжат во ист тон.

-Ние фудбалерите ќе се откажеме од нашите бонуси и ќе ја платиме казната која што ја побарал делегатот кој бил од, ај погодете – Казахстан.

Значи, господине Чеферин, казна за навреди на човекот кој ја нападна и до половина ја разори соседната земја предизвикувајќи стотици илјади мртви и милиони раселени, со киднапирањето на илјадници украински деца како врв на монструозното зло. Па вие треба да ги казнувате навивачите кои ќе бидат рамнодушни кон тоа зло и нема макар еднаш да го опцујат болниот цар од Москва. А и него сте биле должни да го казните така што ќе му забраните присуство на сите натпревари што ги организира УЕФА. Да не може да влезе дури и на стадионот во Нижни Новгород оти во спротивно тој резултат нема да биде заведен во вашата архива. Плус кога ќе дојде ред да играат во Лигата на шампионите или во Лигата на Европа да мораат да платат казна од една милијарда евра сосе каматите.

Според вашиот критериум, Фудбалскиот сојуз на Србија ќе треба да плаќа милионски суми бидејќи таму на сите натпревари навивачите цело време викаат „Вучичу педеру“.

Испаѓа како Европската федерација да го следи цинизмот на Путин кој се залага за мир на Блискиот исток и ќе праќа хуманитарна помош во Газа, додека во Украина секој ден произведува по неколку Гази. Досега има „евакуирано“ пет, можеби и шест украински гази.

Да се вратиме со сличен тон во нашата мила и никогаш непрежалена Македонија.

Пред некое време напишав дека откако пропаднаа сите три милиони обиди за предвремени избори час поскоро, голема е веројатноста да не се одржат и изборите во редовниот термин затоа што агентите јавуваат дека во тоа време ќе почне Третата светска војна. Во владата на националното единство ќе бидат поканети Сотир Костов и, евентуално, Кикифрики и Хер Флик во ресорот за стрелање на непријателите и предавниците по кратка постапка и толку.

Каков малер ги следи вмороните, па тоа е чудо едно.

Ако, пак, се случи светот да се опамети односно да не влезе во Трета светска војна, шансите на ВМРО ќе бидат уште помали затоа што тие идиоти во еден опаметен свет навистина нема што да бараат, можеби можат да чистат олуци и оџаци, но повеќе од тоа – не. Замисли како ќе влече еден оџак низ кој претходно поминал Влахов Мицов или Ефтим Клетников кој тврди дека ние сме Јафети по најмалиот син на Ное.

Јебо га Ное.

Во „Како да се чита Лакан“ Жижек нè потсетува дека Фројд ја развил идејата за трите сукцесивни понижувања на човекот, односно за трите „нарцистички болести“, како што ги нарекол.

Во меѓувреме, јас открив уште едно страшно понижување чии автори и жртви се Македонците, но нека да одиме по ред, како што најавив вчера.

Прво, Коперник докажал дека Земјата се врти околу Сонцето и со тоа нè лишил нас како човечки суштества од средишното место во вселената. Потоа Дарвин докажал дека потекнуваме од слепата еволуција односно ни го одзел почесното место меѓу живите суштества. На крајот, кога Фројд ја откри преовладувачката улога на несвесното во психичките процеси, се покажа дека нашето Јас не владее ниту во сопствената куќа.

Сто години потоа, се појави уште подраматична слика: нашето чувство на слободата и автономијата е илузија која нашиот ум како машина му ја дава на својот корисник.

Северна Македонија е најсветол и најсвеж пример за тоа до мерка која нас нè оформува како четврто понижување. Тука се појави организација (вмро-дпмне) која не само што успешно ја демонстрира таа илузија, туку и практично покажува како со помош на неа од една пристојна нација може да се произведе флотантна маса кретенчуги, дури и чисти говна. Вмро го вади човекот од себе, а Македонецот од картата на народите. Овие драматични откритија и случувања во поранешната југословенска република, предизвикаа огромно интересирање во светската наука, особено во психијатријата.

Во светската научна терминологија е прифатено дека процесот во кој Македонецот од човек се претвора во вморон, а од вморон во ништо, ќе се вика вморовизација, а идиотот што настанува како резултат на тој процес – вморон. Без оглед на националната или друга припадност, така ќе се викаат сите лудаци. И полудениот Французин ќе се вика вморон. И рускиот лудак ќе се вика вморон. Итн.

Институтот за психоанализа во Виена дава по 10.000 евра по сеанса (45 мин.) за истражување на секој поранешен Македонец кој со помош на методите на вмро-дпмне успеал да се претвори во идиот, во говнеста, интензивно смрдлива маса која смрди самата од себе, никој не ја усмрдува од надвор, туку самото нејзино распаѓање го шири тој шанел на неподносливоста.

За волја на вистината, треба да се каже дека произведените идиоти можат да бидат многу корисни суштества, да речеме да пеат оперски арии под вода, да играат пиперевка додека паѓаат од стотиот спрат на Бурж ал.

Араб во Дубаи, да ја направат својата нација како карикатурата на отпуштениот карикатурист на „Гардијан“ со тоа што Жмицко на мевот ќе си ја црта обединета и разнебитена Македонија.

Која ќе ја вади од сопствената утроба.

Што да ви кажам: ми се плаче!

Фантастично.

Многу се радувам кога светот ќе го открие нашето место во науката и уметноста.


Специјално за Првата линија. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

June 20, 2025

Филипче ги објави првите 19 кандидати на СДСМ за градоначалници

June 20, 2025
Фото:  МИА

Конечната пресуда за убиствата на Вања и Панче на 25 јуни

June 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Манев го откри идентитетот на лицето кое го уништил синиот ранец со пиштолот и моторолите користени за убиствата на Вања и Панче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британски „Економист“: Вучиќ е на колена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во 4 по полноќ започнува летото, утре ќе биде најдолгиот ден во годината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозните древни луѓе сега имаат лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk