ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Екипата на филмот „Синиот час“ за наградата на Лечиќ: Исклучително штетна и опасна порака за жените во македонските филмски и изведувачки уметности

October 23, 2023 17:06
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото: Градска.мк

Фото: Градска.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Екипата на краткиот филм „Синиот час“ кој беше дел од официјалната програма на Киненова. реагира на одлуката на организаторите да го наградат српскиот актер Бранислав Лечиќ за особен придонес во филмската уметност.

„Храброста на актерките Данијела Штајнфелд и Мерима Исаковиќ да проговорат јавно за настаните од минатото е непроценливо важна за градењето на заедница кадешто жените ќе се чувствуваат безбедно, слушнато и еднакво важно. Одлуката на Киненова да го награди Лечиќ е повеќе од контроверзна. Во Србија, земјата од кадешто доаѓа Лечиќ, неколку актерки јавно проговорија за насилството извршено од нивните машки колеги и започнаа локално #MeToo движење, справувајќи се со целиот јавен линч. Во Македонија, тоа не се ни случи. Со оваа награда доделена во Скопје, Киненова придонесува кон замолчувањето на жртвите со тоа што на свечена манифестација им рече „ние не ви веруваме“. Ова е исклучително штетна и опасна порака за жените во македонските филмски и изведувачки уметности, а и воопшто. Екипата на краткиот филм „Синиот час“, кој беше дел од официјалната програма на ова издание на фестивалот, ја осудува. Во оваа прилика, сакаме јавно да порачаме дека ние цврсто стоиме на страната на жртвите. Не во наше име! Потпишани: Наташа Петровиќ – актерка, Тамара Ристоска – актерка, Жаклина Стевковска – актерка, Горјан Атанасов – монтажер, Дејан Димески – кинематографер, Ана Јакимска – режисерка и сценаристка“, се наведува во реакцијата на филмските работници, објавена на Фејсбук од режисерката Јакимска.

Како што претходно пиша Градска.мк, за организаторите на Киненова, не е спорно, тоа што за Лечиќ се водеа судски процеси за силување на своја колешка во Србија, а обвинението беше повлечено под нејасни околности.

-Ние доделуваме награда за особен придонес во филмската уметност, а не му судиме на актерот Лечиќ.  Дополнително процесот на неговото доаѓање беше договорен уште од 2018 година, еднаш го одложивме но сега повторно го поканивме бидејќи е навистина квалитетен автор, изјави за Градска.мк, директорот на Фестивалот, Небојша Јовановиќ.

На дополнително прашање дали Јовановиќ помислува какво чувство оваа награда за актерот Лечиќ ќе предизвика кај жените, тој додаде дека на програмата има многу филмови кои ќе допринесат во борабата со насилството врз жените и секако нивна заштита.

Ј. Ѓ.

Tags: „Киненова“„Синиот час“Бранислав Лечиќ
Next Post
Зоран Иванов. Фото: Б. Јордановска / Цивил

ДПМНЕ ајде малку покроце, ајде не лажете веќе

НАЈНОВО

Осомничената за грабежот на накит во Лувр пуштена од притвор

November 13, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или .ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025
Скриншот

Дијамантски брош на Наполеон, продаден за над 3,5 милиони франци

November 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилни буџети, нестабилни приоритети – општините во фискален парадокс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага – скандалот со ИПАРД води до врвот на власта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Ни прават булинг да го смениме Уставот – денес сме таму каде што бевме пред 25 години на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk