На вчерашните демонстрации за поддршка на Палестина кои се одржаа Варшава, покрај транспарентите и слоганите со поддршка за Палестинците во Појасот Газа, дел од учесниците истакнаа антисемитски пораки и искажаа поддршка за терористичките напади на Хамас врз Израел.
Израелскиот амбасадор во Полска, Јаков Ливне го осуди маршот како „еклатантен антисемитизам“, и ги повика „полските власти да го запрат овој бесрамен антисемитизам пред да излезе од контрола“ посочувајќи на еден транспарент на кој пишува „Чувајте го светот чист“, покрај сликата на израелското знаме фрлено во канта.
“Pro-Palestinians” in #Warsaw today. Polish authorities must stop this blatant #Antisemitism before it gets out of control.
Warszawa dzisiaj. Polskie władze mają powinność zapobiegania przejawom takiego otwartego antysemityzmu.#NeverAgainIsNow #HamasisISIS pic.twitter.com/QPKAgHneMj— Amb. Yacov Livne 🇮🇱 (@YacovLivne) October 21, 2023
На социјалните мрежи се појавија информации дека жената која е видена како го држи плакатот со антисемитска содржина е норвешка студентка по медицина во Варшава.
Таа во разговор со новинарот на Некста кажа дека е студентка од Норвешка и даде доста контрадикторни одговори на прашањата на новинарот, како да не беше свесна за содржината на плакатата која ја држи во раце.
“You don’t know what is Hamas? Yeah, I don’t know”
Our correspondent from the scene of the anti-Israel rally, which was held today in #Warsaw, spoke to the protesters. pic.twitter.com/UgLndFfeLw
— NEXTA (@nexta_tv) October 21, 2023
И други учесници на протестот со кои разговараше новинарот на Некста, кои кажаа дека се имигранти од Јордан, Сирија и други блискоисточни земји, изразија поддршка за Палестинците, но и за терористичките акции на Хамас, и на новинарското прашање одговорија дека Израелската држава не треба да постои.
Демонстрациите привлекоа членови на полската муслиманска заедница, која порасна во последниве години во услови на рекордно ниво на имиграција. Меѓу учесниците беше и палестинскиот амбасадор во Полска, Махмуд Калифа.
Друг голем транспарент на кој пишува „Од реката [Јордан] до [Медитеранското] море, Палестина ќе биде слободна“ исто така беше истакнат на собирот. Таа фраза се смета за повик Израел да се избрише од картата.
Полскиот заменик-министер за надворешни работи Павел Јаблонски исто така го критикуваше истакнувањето на транспарент со антисемитска содржина, за кој кажа дека го прекршува законот и дека истакнувањето на такви транспаренти „апсолутно не треба да се случува“. Тој нагласи дека „повикот на омраза на национална/етничка основа е кршење на законот – и основа за распуштање на собирот“.
To absolutnie nie powinno mieć miejsca. Transparenty wzywające do nienawiści ze względów narodowościowych / etnicznych to złamanie prawa – i podstawa do rozwiązania zgromadzenia.
Odpowiedzialność za brak reakcji spada na @trzaskowski_ i władze m. st. Warszawy.
W przypadku… https://t.co/MxCxoiELDd
— 🇵🇱 Paweł Jabłoński (@paweljablonski_) October 21, 2023
Истакнувањето антисемитски транспаренти токму во Варшава, каде нацистичките окупатори во ноември 1940 година го создадоа Варшавското гето, најголемото од нацистичките гета за време на Втората светска војна и Холокаустот го сквернави сеќавањето на милионите убиени Евреи од страна на нацистите и може да се смета како крајно нечовечно. Во времето кога Варшавското гето го достигнува својот озлогласен врв, својот врв, таму биле затворени дури 460.000 Евреи, на површина од 3,4 км2 (1,3 , кои едвај издржувале со скудни оброци за храна. Од Варшавското гето, Евреите беа депортирани во нацистичките концентрациони логори и центри за масовни убиства. Во летото 1942 година, најмалку 254.000 жители на гето беа испратени во логорот за истребување Треблинка за време на Гросактион Варшау под маската на „преселување на исток“ во текот на летото. Вкупниот биланс на смртни случаи меѓу затворениците во гетото се проценува дека е најмалку 300.000 убиени со куршуми или гас, во комбинација со 92.000 жртви на глад и слични болести, востанието во Варшавското гето и жртвите од конечното уништување на гето.
Драган Мишев / Цивил Медиа