Израелката Јохед Лифшиц (85), која беше заробена од Хамас во јужен Израел на 7 октомври и одведена како заложник во Појасот Газа, денеска опиша што доживеала таму.
– Ме однесоа на мотор, вели жената седејќи во инвалидска количка. Таа додаде дека палестинските екстремисти ја тепале со палки додека ја возеле.
Тие и го зеле часовникот и накитот и ја принудиле да оди преку поле до тунели за кои рече дека личат на „пајажина“.
Преку тунелот стигнала до голема просторија со 25 заложници, а подоцна заедно со уште четворица биле однесени во посебна просторија.
– Односот кон нас беше добар, рече таа и додаде дека и дале лекови и храна.
Таа рече дека скапата гранична ограда што Израел ја подигна на границата со Газа не помогна бидејќи палестинските екстремисти ја пробија и влегоа на јужна израелска територија.
Нејзиниот сопруг останал во заробеништво со уште околу 220 луѓе, кои биле заробени и однесени во Појасот Газа, според израелската армија.
Лифшиц беше ослободен синоќа заедно со Израелката Нурит Купер (79), а во петокот беа ослободени две Американки – мајка и ќерка.