Вкупно 704 луѓе во Газа се убиени во последните 24 часа, соопшти палестинското Министерство за здравство. Според извештајот, ова е највисокиот број на дневна основа, објавен од почетокот на израелските напади врз Газа на почетокот на овој месец, пренесува CNN.
Во соопштението на министерството, објавено во Рамала, на окупираниот Западен Брег, се вели дека во последните 24 часа имало 47 „масакри“ во кои била вклучена израелската војска. Министерството, кое е под контрола на Хамас, соопшти дека меѓу убиените има 305 деца, 173 жени и 78 постари лица.
Според Министерството, последните жртви го доведоа вкупниот број на загинати во Газа на 5.791, вклучувајќи 2.360 деца, 1.421 жена и 295 постари лица. Министерството соопшти дека има и 16.297 пријавени повреди со различна тежина и 1.550 исчезнати лица, од кои 870 се деца.
Д. Т. / Цивил Медиа