ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши на конференција за обновливи извори на енергија: Создаваме поволна бизнис клима за инвеститорите, наш приоритет е зелената транзиција

October 25, 2023 12:25
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

„Eнергетскиот сектор во Република Северна Македонија е еден од најзначајните сектори за развој на економијата и истиот е во приоритетите на Владата на Република Северна Македонија со цел обезбедување на сигурно снабдување со енергија, економски раст и придвижување кон зелена економија. Eдна од главните цели на енергетската политика на Република Северна Македонија е привлекување на инвестиции за изградба на енергетски објекти и зголемување на искористувањето на обновливите извори на енергија односно инвестирање во зелена енергија која ќе придонесе во заштита на животната средина и ублажување на климатските промени“ кажа министерот за економија Крешник Бектеши во своето обраќање на Инаугуративна конференција „За зелена иднина – насоки за транзиција кон обновливи извори на енергија“ која се одржа денеска во организација на Македонско здружение за енергија од обновливи извори (МАРЕС).

Министерот потенцираше дека во таа насока, Владата на Република Северна Македонија кон крајот на 2019 година ја донесе Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година како еден од најзначајните стратешки документи за нашата земја во областа на енергетиката и одржливиот развој. „Во Стратегијата во столбот декарбонизација меѓу другото се препорачува промовирање на обновливите извори на енергија на начин кој обезбедува одржлив развој и се предвидува дека фотонапонските и ветерните електроцентрали ќе бидат најбрзорастечки технологии за производство на електрична енергија во сите сценарија, односно се планира изградба на 750 MW ветерни електроцентрали и 1400 MW фотонапонски електрани“, кажа министерот и потенцираше дека енергетската транзиција е неизбежен и посакуван процес кој треба веднаш да се започне.

„Особено треба да се направат напори за овозможување на поволна инвестициска клима за изградба на фотонапонски електроцентрали, во насока на поедноставување на административните процедури, имајќи го во предвид големиот интерес од страна на домашни и странски инвеститори, кои гледаат голем потенцијал за вложување на својот капитал во искористување на овој обновлив извор на енергија. Со правилна стратегија за развој на енергетиката, прифатена од сите чинители во општеството и реализирана од сите политички Влади во наредниот период, можеме да станеме енергетски независна држава,
чија енергетика ќе се базира на производство на чиста енергија. Ова е тежок процес, процес кој бара многу време, многу инвестиции, многу вложувања и ангажман од сите чинители, како од производителите, така и од потрошувачите“ потенцираше Бектеши.

Министерот информираше дека Владата во услови на криза, успеаа да го зголеми домашното производство на електрична енергија, па дури и да извезуваме струја. „Во моментов во нашата држава работат фотонапонски централи кои произведуваат електрична енергија за 198.000 домаќинства. За период од речиси две години, дури 685 централи добија дозволи за работа, а тие, според пресметките, може да снабдуваат со струја над 160 илјади домаќинства со просечна потрошувачка во 18 градови. Годинава започнуваме и со реализацијата на неколку крупни инвестициски проекти, како изградбата на гасниот интерконектор со Грција, зибравме партнер за изградба на најголемата пумпна хидроцентрала на Балканот „Чебрен“ која има огромно значење за декарбонизацијата и за праведната енергетска транзиција., беше отворена приватна фотоволтаична електроцентрала во земјава – „ФЕЦ Новаци“ која моментално е и најголема на Балканот. Новата централа, е со вкупен капацитет од 55 MW и годишно е проектирано да произведува 85.000 MWh што претставува електрична енергија која ќе ги задоволи потребите на 30.000 семејства“ кажа Бектеши и додаде дека Владата создава поволна бизнис клима за реализација на инвестиции во обновливи извори на енергија.

Tags: БектешиЕнергетски секторРСМ
Next Post

Маричиќ-Вархеји: Северна Македонија има место во ЕУ, сега е момент за забрзување на пристапниот процес

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk