ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Цветковска: Пресудата против ИРЛ во случајот Кочо Анѓушев е скандалозна

October 25, 2023 15:18
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПРАВДА
Јованка Спировска Панева. Фото ИРЛ.

Јованка Спировска Панева. Фото ИРЛ.

Share on FacebookShare on Twitter

Судијката Јованка Спировска Панева, како што известуваат од ИРЛ, ги осуди новинарите на ИРЛ и главната уредничка Сашка Цветковска за клевета во случајот кој поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев го поведе против ИРЛ за истражувањето „Заговор против воздухот“. Судењето доаѓа откако првично истата судијка ги ослободи ИРЛ од одговорноста за клевета во овој случај, но откако Апелацискиот суд му ја усвои жалбата на Кочо Анѓушев, судењето мораше да се повтори.

Од ИРЛ велат дека на изрекување на пресудата не дојде тужителот, господинот Кочо Анѓушев, туку само правничка од канцеларијата на неговата адвокатка Мери Младеновска Георгиевска. Пресудата ја слушаа новинарите на ИРЛ и претставници на еснафските новинарски здруженија – ЗНМ, Самостојниот синдикат на новинари и Советот за етика на медиумите.

Пресудата во случајот Кочо Анѓушев против ИРЛ за главната и одговорна уредничка Сашка Цветковска е скандалозна.

„Судијката која своевремено го заштитуваше Сашо Мијалков сега влезе повторно во заштита на Кочо Анѓушев. Како што и самата ја образложи пресудата, приватното право, правото на бизнисот и на приватниот интерес биле посилни од слободата на говорот“, изјави уредничката Цветковска пред новинарите.

Судијката пред присутните во судницата рече дека проценила оти приватното право на бизнисменот Анѓушев е поважно од слободата на изразување. Претставката на Здружението на новинари поднесена минатата недела до Судскиот совет за нејзината работа таа го оцени како важен момент во носењето на пресудата. Нивната претставка дојде откако на минатото последно рочиште, судијата Спировска Панева ја исклучи јавноста од судницата за да воведе нов доказ – „Соочување на странки“ за да можела преку реакциите на Анѓушев и Цветковска да цени кој е виновен. На денешното читање на пресудата, судијката кажа дека не ја исклучила јавноста, туку само побарала простор за да може да има концентрација да ги слуша двете страни кои требале да се соочат.

„Меѓутоа, зошто овој тајминг го избра ЗНМ сега ми е јасно. Веројатно да почекавте барем до денеска немаше да има потреба од овој циркус да го правите. Тајмингот што ЗНМ го одбра за да ја објави претставката ми укажа на некои други работи каде што јас навистина најдов дека треба да се заштити приватното право во конкретниот случај, а не правото на слободата на говор. И сигурно произлегува од тоа дека јас навистина сум погрешила првиот пат и Апелациониот суд со право ми ја укинал одлуката“, рече Спировска Панева.

Меѓународната федерација на новинари испрати реакција и констатира дека оваа пресуда претставува неуспех на судијата да го стави јавниот интерес и интересот на граѓаните над интересот на моќните бизнисмени.

Целиот текст на ИРЛ, тука.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Израелската полиција приведе 110 луѓе поради поттикнување насилство и тероризам

НАЈНОВО

Фото: ВИ

Трамп: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта за крај на војната во Украина

October 16, 2025

Шукова: Три итни приоритети за Скопје – отпадот, јавниот транспорт и загадувањето на воздухот

October 16, 2025

Ѓорѓиевски: Ветувам, на крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски за средбата Црвенковски и Пецаков не гледа ништо необично, ниту изненадувачко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја: Да ја победиш Барселона мора да си перфектен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руски одек на локалните избори: Мали партии со „големи пораки“ и тиха битка за јавното мислење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Ветувам, на крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk