Вечерва во 19 часот во галеријата ОСТЕН по повод раѓањето на Пикасо, се отвора самостојната изложба на слики на Камелија Отеро од Франција, насловена „Јас и Пикасо“.
„Остен организира и ОСТЕН БИЕНАЛЕ Скопје 2024, што е манифестација отворена за сè што е ново и е многу посеопфатно од традиционалното, давајќи предност на дела кои ги разбиваат старите и излитени ликовни матрици, дела кои имаат специфичен авторски белег или навестуваат обид за исчекор надвор од востановените академски правила, во слободниот простор на создавањето.
Биеналето ги предизвиува уметниците да ги поместат конвенционалните граници, како од аспект на користењето на техниките, алатките и медиумите, така и од аспект на творечката слобода на изразувањето. Затоа – слободно пријавете ги вашите најиновативни и најкреативни дела, без оглед на формата, техниката или медиумот. Добредојдени се сите: слики, цртежи, графики, објекти, инсталации, арт-видеа, мултимедиајална уметност“, истакнуваат организаторите.
Пријавите и условите за учество на Биеналето, тука.