ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Меџити: Северна Македонија постигна голем напредок во справување со антимикробната резистенција

October 26, 2023 15:10
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Фото: Министерство за здравство

Фото: Министерство за здравство

Северна Македонија постигна голем напредок во овој напор за справување со антимикробната резистенција, меѓутоа аспектот на „Едно здравје“ за превенција и контрола на антимикробната резистенција треба дополнително да се развива, а патоказот ќе обезбеди насоки за ова, истакнал министерот Фатмир Меџити во рамки на 73-та сесија на Регионалниот комитет на СЗО за Европа (RC73).

Како што пренесуваат од Министерството за здравство, на Регионалниот комитет кој се одржува од 24-26 октомври 2023 година во Астана, Казахстан, министерот за здравство се обратил на денешната сесија на тема Патоказот за антимикробна отпорност за европскиот регион на СЗО 2023-2030 во Северна Македонија.

Тој посочил дека фокусот ќе биде ставен и на надзорот на антимикробната резистенција во рамките на Системот за управување со лабораториски информации (LIMS) што се развива со поддршка на СЗО.

– Приоритет ќе бидат образовните иницијативи насочени кон здравствените работници, пациентите и јавноста за промовирање на одговорна употреба на антибиотици. Ова вклучува примена на претпазливи практики на препишување и обезбедување достапност на алтернативи на антибиотици кога е соодветно. Ќе работиме и на зајакнување на мерките за превенција и контрола на инфекции во здравствените установи за да се намали ширењето на резистентни инфекции, фокусирајќи се на градење капацитети за здравствените работници, рекол министерот, стои во соопштението.

Воедно, потенцирал дека поддршката на Светската здравствена организација е непроценлива во напорите за справување со антимикробната отпорност, како и споделувањето на најдобрите практики, искуства и научени лекции во спроведување на патоказот меѓу земјите од балканскиот регион.

Tags: здравствокомитетФАТМИР МЕЏИТИ
Next Post

Ковачевски: Со успешна политика во најголемата светска економско-енергетска криза, обезбедивме непречено снабдување со струја, инвестициите во секторот продолжуваат

НАЈНОВО

Митева: Од осумте наследени арбитражни спорови, Владата заврши три со 516 милиони евра заштеди во Буџетот

August 20, 2025

СДСМ: Скандалот во МВР со испитниот центар мириса на корупција

August 20, 2025

Белата куќа отвори официјален ТикТок профил во пресрет на можната забрана

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk