ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

МФ: Граѓанските обврзници од втората емисија достапни за граѓаните

October 26, 2023 15:07
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Процесот на издавање на втората емисија на Граѓанска обврзница е во тек. Граѓаните можат да инвестираат во граѓанската обврзница  на едноставен и лесно достапен начин преку шалтерите на деловните банки во целата земја со поднесување барање за учество на аукцијата и уплата на средства во износ за кој сакаат да купат обврзници, информираат од Министерството за финансии (МФ).

Можноста на граѓаните  да поднесат барање во деловните банки, како што посочуваат, согласно објавениот Проспект е до 6 ноември, а аукцијата ќе се одржи на 7 ноември, по што следува постапката на запишување на обврзниците на име на имателите во Централниот депозитар за хартии од вредност.

-За граѓаните ова е инвестиција во безризичен и сигурен инструмент, кој го издава државата и нуди повеќе придобивки за граѓаните. Меѓу другото, покрај тоа што нивната инвестиција е сигурна и без ризик, таа носи и атрактивен принос кој изнесува 10 отсто на вложената сума за двете години на кои е издадената граѓанската обврзница. Односно за вложени 100.000 денари граѓанската обврзница носи принос на имателот од 10.000 денари, велат од МФ.

Граѓаните, додаваат, можат да вложат минимален износ од 10.000 денари. Приносот од камата за првата година од 5 отсто ќе биде исплатен на 14 ноември 2024 година и за втората година кога ќе биде исплатена и вложената сума на 14 ноември 2025 година.

Министерството за финансии, Граѓанската обврзница ја воведе на пазарот како нов иновативен производ за кој граѓаните на првата аукција пројавија голем интерес. При тоа беа запишани 2,5 пати повеќе средства од износот на кој беше објавен Проспектот, односно 1.448.030.000 денари.

Tags: втора емисијаграѓанскаобврзница
Next Post

Мицкоски сака да биде Орбан, Орбан сака да биде Путин, и што тука не е јасно?!

Shortcut

Најново

Високи затворски казни во Хаг за косовските лидери на ОВК: Ахмети и ВЛЕН со остри реакции за пресудите

September 16, 2026

Хашим Тачи од судот во Хаг прогласен за виновен за воени злосторства, осуден на 25 години затвор

September 16, 2026
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

Од 15 до 18 октомври започнува 45. Скопски џез фестивал: Четири вечери, 13 земји и ексклузивни концерти

September 15, 2026

Партиски пресметки за судството: СДСМ обвинува за неказнивост зa Кочани, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со модуларната болница во Тетово

September 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk