ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Грција, Хрватска, Малта, Италија, Португалија, Франција, Кипар и Словенија бараат поголеми ресурси за справување со климатските промени

October 27, 2023 10:06
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателите на Франција и Кипар и премиерите на Грција, Хрватска, Малта, Италија, Португалија и Словенија, преку писмото упатено до претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел, информираат за недоволни финансиски средства и за потребата за зголемување на расположливите ресурси за справување со последиците од климатските промени,  јави дописничката на МИА од Атина.

Во заедничкото писмо што го објавува грчката државна телевизија ЕРТ, лидерите на осумте земји, сите дел од групата МЕД9, пишуваат дека „климатските промени не само што се на нашиот праг, туку веќе станаа дел од нашиот живот, како што нѐ потсетија неодамнешните природни катастрофи во регионот“.

„(Климатските промени) Им се закануваат на нашите земји, на економијата, бизнисите, на граѓаните поединечно и како целина и ја поткопуваат социјалната кохезија, развојот, просперитетот, иднината и нашите животи. Ѝ се закануваат на ЕУ како целина. Стана очигледно дека нашите политики и буџетски ресурси не се доволни за решавање на ова прашање, додека зелената транзиција и адаптацијата на климатските промени се наша главна цел, постои ограничено олеснување на  краток и среден рок“, се наведува во писмото.

Додаваат дека сите ресурси, материјални, човечки, оперативни и финансиски кои им се на располагање „се покажаа како несоодветни“, а штетите се непроценливи.

„Мора да дејствуваме веднаш и колективно. Како општество, како поединечни земји и како Европска Унија – врз основа на двонасочен пристап кој веќе треба да го промовираме во нашите претстојни дискусии. Прво, евидентно е дека расположливите финансиски средства се тотално несоодветни. Фондот за солидарност за 2023 година е исцрпен, заедно со делови од средствата за 2024 година кои би можеле да ги искористиме со исплаќање однапред“, објаснуваат лидерите на осумте земји

Паралелно, истакнуваат дека мора да работат со цел зголемување на расположливите ресурси и зајакнување на средствата и механизмите за справување со последиците од природните катастрофи.

Tags: ЕУКлиматски променимедитерански земјиСредства
Next Post
Bill Clark / CQ Roll Call via AP file

Мајк Џонсон: Финансирањето на Украина и Израел треба да се разгледува одвоено

Shortcut

Најново

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk