Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе престојува во официјална посета на Република Финска, на покана на финската министерка за надворешни работи.
Како што соопшти МНР, во рамки на посетата Османи ќе оствари средби со својот хомолог, министерката Елина Валтонен и со претседателот на финскиот Парламент, Јуси Хала-ахо.
-За време на престојот во Хелсинки, Османи ќе го потпише меморандумот за пристапување на Република Северна Македонија во Европскиот центар за извонредност за справување со хибридни закани, со седиште во Хелсинки, велат од МНР.