Во сообраќајна контрола вчера на територија на град Скопје изречени се вкупно 348 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 61 санкција, 31 мерка за возење без возачка дозвола, 16 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Како што информира денеска МВР, изречени се и 26 мерки за користење мобилен телефон при возење, 31 санкција за некористење сигурносен појас, девет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли…
МВР укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.