Викендов во станбените згради на општина Кисела Вода можат да се најдат стотици летоци на кои стои слика од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој носи скап саат и текст „Од каде има Орце 7600 швајцарски франци за луксузен саат 8000 евра се тоа Орце, 30 плати на еден работник! Лапај Орце лапај ама ќе дојдат избори“.
Оваа граѓанска иницијатива доаѓа по големо разочарување од граѓаните на оваа општина која се смета за најзадолжените општини во државата, а нивниот градоначалник се фали со часовник кој вреди 7.600 швајцарски франци.
За период од две години, долгот во времето на Орце се зголемил за над 40 милиони денари, а тука се и долговите кон добавувачите, а исто така на сајтот на општината не може да се најдат информации дали е платен долгот кон „Дрисла“ од каде во јули годинава посочија дека договорот на општината е истечен во март годинава.
Уште едно разочарување е одлука на Ѓорѓиевски, да го исфрли ѓубрето пред јавното претпријатие „Дрисла“ кога штрајкуваше ЈП„Комунална хигиена“, ги чинеше општината Кисела Вода и Ѓорѓиевски дополнителни 90.000 евра . За оваа казна тој беше дециден дека нема да ја плати и до денеска нема информација дали воопшто ја платил.
Граѓаните се прашуваат како Ѓорѓиевски кој себеси се смета за голем хуманист успеал да заштеди часовник кој вреди 30 плати.
Инаку, неговата плата изнесува над 90.000 денари, што значи дека за својот часовник потрошил околу 5 градоначалнички плати.
Заклучокот е дека Ѓорѓиевски работи само на личниот буџет, за краток период заштетедил за да си купи луксузен часовник.
Д. Е.