ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Зајкова: Пратениците да одлучат на чија страна се, на граѓаните или банките

November 1, 2023 10:01
in PMD, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Четири месеци е заглавен Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за платежни услуги и платни системи во Собранието, во рамки на 120-тата седница, вели претседателката од ЛДП Моника Зајкова.

„На 12 јули пратениците на Либерално-Демократска партија и Левица, поднесовме предлог за изменување на овој закон. Предлогот треба да биде разгледан во Комисија па да следи дебата на пленарната седница. Токму затоа испраќам порака до сите пратеници да одлучат на чија страна се, на граѓаните или на банките. Во нашиот стремеж за правична финансиска иднина за сите граѓани, ги повикуваме и останатите пратеници и партии да ја дадат својата поддршка на овој предлог-закон и да ги разгледаат овие измени. Сите сме сведоци на високите трошоци и провизии како на пример за одобрување кредити, одржување на сметки, провизиите за проверка на трансакциска сметка, па дури и повлекувањето пари од друга банка, доколку е различна од банката депонент на граѓаните. Од друга страна сведочиме и на енормните профити на банките“, посочува лидерката и пратеничка Зајкова.

Таа додава дека иако овие прашања се дел од интерната политика на банките, сепак потребно е законска регулираност бидејќи станува збор за остварување на огромен профит. Со предложениот закон не се обезбедува само финансиска праведност, туку и поправедно и урамнотежено општество во целост.

„Банката не смее да наплаќа надоместоци за затворање на платежната сметка, ниту, пак, надоместоци за затворање дебитни или кредитни картички, доколку рамковниот договор којшто го има граѓанинот со банката е постар од шест месеци. Банката е должна веднаш да ја затвори сметката на барање на граѓанинот“ појаснува таа.

Според Зајкова со Измените на Законот за платежни услуги и платни системи се воведува уште едно системско решение, поточно да не се наплаќа услугата за онлајн плаќања, проверка на состојба на трансакциска сметка, намалена провизија за повлекување пари од банкомат на друга банка, блокирање и деблокирање на сметка по основ на извршни решенија, намалување на трошоците за административни трошоци за одобрување кредити, картички итн. Исто така кога една сметка ќе биде прогласена за неактивна од страна на Банката, тогаш банката не смее понатаму да наплатува никакви надоместоци од таа сметка, односно паричните средства се заштитени, а банката е должна да пресметува камата на позитивното салдо во согласност со договорот.

Извор: Тера.мк

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: банкиЗајковапратеници
Next Post

Има ли политичка волја за спроведување на пресудата на судот во Стразбур “X против Македонија”?

НАЈНОВО

Скриншот

Трамп разгледува нови санкции против Русија

September 7, 2025
Папа Лав XIV Фото: Скриншот

Папата прогласи прв светец од Милениум генерацијата, 15-годишник компјутерски специјалист

September 7, 2025

Две тепачки пред угостителски објект во Скопје, приведен 18-годишен скопјанец кој се заканувал со пиштол

September 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сензација на Евробаскет: Финска ја елиминира Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европратениците пристигнаа во Србија и брзо ја напуштија земјата: „Вучиќ не навредуваше и ни се закануваше“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија со вмро е како проститутка на масажа во салонот на Мевосекот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сабаленка триумфираше на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk