Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска го претстави планот економски мерки за ублажување на ефектите од инфлацијата.
– Планот економски мерки се очекува да чини нешто повеќе од 17 трилиони јени (106,7 милијарди евра), изјави Кишида на владината седница.
Според јавниот радиодифузен сервис НХК, мерките се очекува да вклучат даночни намалувања за 40.000 јени (251 евро) по лице и грантови од 70.000 јени (439 евра) за домаќинствата со ниски приходи.
Планот ќе вклучува и мерки за намалување на цените на бензинот и сметките за енергија, како и поттикнување на инвестициите во полупроводничката и воздушната индустрија.
Планот мора да биде одобрен од Парламентот.