Израелските безбедносни сили во источен Ерусалим уапсиле 23 лица, осомничени за потикнување насилство на протестите, како и за објави на социјалните мрежи со кои се поддржува насилство и терор, соопшти полицијата.
Во меѓувреме, медиумите објавија дека истакнатиот палестински активист Ахед Тамими, исто така, бил уапсен откако објавил на Инстаграм дека Палестинците, како што рекол, ќе ги „колат“ еврејските доселеници и ќе им ја „пијат крвта“, јави „Тајмс оф Израел“.
Во источен Ерусалим, мнозинството жители се Палестинци.