ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

МФ: Денеска истекува рокот за купување граѓански обврзници од втората емисија

November 6, 2023 10:19
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска истекува рокот во кој граѓаните можат да запишат граѓански обврзници од втората емисија, за која аукцијата ќе се одржи утре. Барањето за учество на аукцијата и уплата на средствата за кои граѓаните сакаат да купат граѓански обврзници може да го направат во сите деловни банки во земјата.

Од Министерството за финансии информираат дека проспектот за втората емисија Граѓанска обврзници го објави на 18 октомври на износ од 10 милиони евра. Граѓаните имаат можност да уплатат средства за запишување граѓански обврзници денеска, а утре ќе се одржи аукцијата по што почнува процесот на запишување на граѓанската обврзница на име на граѓаните во Централниот депозитар за хартии од вредност.

– Граѓаните кои ќе запишат граѓански обврзници за својата инвестиција ќе добијат камата или принос од 5 отсто годишно, односно за две години вкупно 10% на вложениот износ. Исплатата на првиот купон ќе се изврши на 14 ноември 2024 година, додека вториот купон, односно каматата за втората година на 14 ноември 2025 година, истовремено со исплатата на вложените средства. Граѓаните можат да вложат минимално 10.000 денари, со купување на една граѓанска обврзница, се наведува во соопштението од МФ.

Граѓанската обврзница е нов инструмент на домашниот финансиски пазар кој го издава државата. Инвестицијата во граѓанска обврзница е безризична и сигурна, носи атрактивен принос за граѓаните и при тоа ја штити вредноста на нивните пари.

Граѓанската обврзница на пазарот е присутна од јули оваа година кога беше објавена првата емисија, а на која граѓаните пројавија 2,5 пати поголем интерес од износот кој беше објавен со Проспектот. Граѓанската обврзница на финансиски инструмент ќе биде присутна во континуитет на пазарот.

Покрај граѓанската обврзница како нов инструмент Министерството за финансии ја лансираше и Зелената обврзница, а ќе следуваат и развојната и проектната обврзница. Целта на овие обврзници е мобилизирање на приватниот капитал во функција на развојот и  забрзување на економскиот раст.  

Tags: граѓански обврзнициМФ
Next Post

Утврдување предлог за избор на судија на Уставниот суд на Комисијата за прашања на изборите и именувањата

Shortcut

Најново

Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026
Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk