Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 22 степени.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре наутро ќе биде свежо, а преку денот со сончеви периоди и повторно релативно топло за овој дел од годината Во среда ќе преовладува облачно проследена со слаб до умерен дожд. Потоа до крајот на работната недела температурите ќе бидат пониски за 2 до 5 степени во однос на почетокот на неделата