Во тек е Конкурсот за доделување месечни надоместоци на самостојните уметници за 2024 година. Го стимулираме и помагаме уметничкото творештво на самостојните уметници, објави министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.
Таа нагласи дека „во буџетот се предвидени средства како месечни надоместоци на самостојните уметници, за придонесите за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување и за данокот на личен доход на самостојните уметници“.
Пријавувањето на Конкурсот за месечни надоместоци на самостојните уметници се врши со електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги: https://uslugi.gov.mk
Конкурсот за месечни надоместоци на самостојните уметници трае до 1.12.2023 година.