ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

МФ: Побарувачката за граѓанската обврзница 80 проценти поголема од понудениот износ

November 7, 2023 15:57
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Втората емисија на граѓанска обврзница, според Министерството за финансии, е успешно реализирана. На денешната аукција се запишани граѓански обврзници во износ од 1.085.480.000 денари (17,7 милиони евра) што е за 1,8 пати повисок од износот објавен во Проспектот за втората емисија Граѓанска обврзница.

На аукција 907 граѓани запишале граѓански обврзници, а во наредните денови ќе бидат впишани во Централниот депозитар за хартии од вредност.

– Ова покажува дека Граѓанската обврзница веќе е препознатлива од страна на граѓаните и дека го најде своето место на пазарот. По првата емисија на која интересот беше поголем за 2,4 пати од објавениот износ, интересот продолжи и на втората емисија, а веќе граѓаните имаат интерес за тоа кога ќе има нова емисија, вели во пишана изјава министерот за финансии Фатмир Бесими.

Тој додава дека граѓаните кои овој пат одлучија да ги инвестираат своите пари во граѓанска обврзница приносот или добивката од нивниот влог ќе го добијат за првата година на 14 ноември 2024 година и приносот за втората година на 14 ноември 2025 година, кога ќе им биде вратен и целиот инвестиран износ.

-Граѓанската обврзница им нуди на граѓаните сигурност и безбедност за вложените пари, како и атрактивна камата, преку која ја заштитуваат вредноста на парите. Од друга страна инвестираат и во развојот на државата, затоа што парите добиени од граѓанската обврзница, како и другите обврзници кои се предвидени со Планот за забрзан раст и Стратегијата за управување со јавен долг, се насочени во реализација на развојни проекти, потенцира министерот Бесими.

Проспектот за втората емисија Граѓанска обврзница беше објавен на 18 октомври. Граѓаните можеа да поднесат барање за учество на аукцијата од 18 октомври до 6 ноември преку сите деловни банки во земјата. Граѓанската обврзница е нов инструмент кој Министерството за финансии го воведе од јули оваа година на финансискиот пазар. Покрај Граѓанската обврзница на финансискиот пазар како нов инструмент беше воведена и Зелената обврзница, а согласно Планот за забрзување на растот и Стратегијата за управување со јавен долг на пазарот во иднина ќе биде воведена и Проектната обврзница.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: граѓанска обврзницаМФ

НАЈНОВО

Фредериксен: Мора да ги донесеме Украина, Молдавија и Западниот Балкан поблиску до Европа

July 8, 2025

Летовите од Германија станаа значително поскапи, вклучувајќи ги и нискобуџетните превозници

July 8, 2025

ЕК за концертот на Томсон: Го осудуваме секој израз на фашизам, членките на ЕУ да го казнат говорот на омраза

July 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Што содржи Предлог-извештајот на Вајц за земјава за кој денеска ќе дебатираат членовите на ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто се извини Мицкоски?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Град Скопје алармира: Рекордна потрошувачка на вода, масовни диви приклучоци и напад врз советничка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град без визија: Зошто Скопје не смее да падне во рацете на лажен ПР

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Димитров доминираше над Синер, но поради повреда го предаде мечот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk