ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МФ: Потпишан Меморандум за соработка со Обединетото Кралство – Финансиската полиција со нов софтвер во поефикасно справување со организираниот криминал

November 7, 2023 11:36
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Фото: Министерство за финансии

Фото: Министерство за финансии

Share on FacebookShare on Twitter

Управата за финансиска полиција ги зајакнува своите капацитети во борбата со организираниот криминал. Со поддршка од Обединетото Кралство Управата ќе добие нов современ систем кој ќе ги дигитализира процесите, а тоа ќе овозможи побрз проток на информации во рамки на институцијата и размената со други институции, носење поквалитетни одлуки и сето тоа до поефикасно дејствување во справување со организираниот криминал.

Како што соопштија од Министерството за финансии, за реализација на овој проект денеска беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу директорот на Управата за финансиска полиција Горан Иванов и Регионалниот менаџер за Западен Балкан во Даночната и царинска управа на Обединетото Кралство Дарен Пертриџ. На потпишувањето присуствуваа министерот за финансии Фатмир Бесими и амбасадорот на Обединетото Кралство Метју Лосон.

-Финансиската полиција, е клучна институција во земјата во борбата со организираниот финансиски криминал и заштита на националните финансиски интереси и зајакнувањето на нејзините капацитети и воведување нови современи системи се дополнителен придонес во зголемување на ефикасноста во борбата со неформалната економија и организираниот криминал, рече министерот Бесими.

Тој додаде дека со силни институции, координиран пристап и нивна меѓусебна соработка се гради ефикасен систем во справување со организираниот криминал и корупција, а тоа ќе придонесе за подобрување на конкуреноста на економијата и економски раст.

-Градењето на капацитетот и способноста на Управата за финансиска полиција во Северна Македонија во насока на подобрување на нивниот капацитет за финансиски истраги за управување со сложени случаи, прикажување на ревизорски траги и зголемување на транспарентноста, е од фундаментално значење за разбивање на криминалните организации – и на национално и на меѓународно ниво, рече британскиот амбасадор Лосон

Амбасадорот  посочи дека целта на овој Меморандум е да го определи веб-базираниот мултиплатформски систем за управување со содржини (Enterprise Content Management System) со алатки за управување со случаи (Case Management Tools) и лиценци кои ќе бидат доделени од страна на  Даночната и царинската управа на Обединетото Кралство (HMRC) на Управата за финансиска полиција на Северна Македонија во исполнување на целите за спречување и откривање на економскиот, финансискиот и организираниот криминал и во дефинирање на одредбите за неговото користење и одржување.

-„Овој софтвер“, кој денеска го добиваме ќе придонесе во зајакнување на техничките капацитети на Управата за финансиска полиција, со што ќе се приближиме кон нашата крајна цел, а тоа е модернизирана и во целост професионализирана служба. Управата за финансиска полиција со овој проект има за цел управување со содржини и процеси, кои ќе овозможат едноставен проток на документи и информации, вели директорот Иванов.

Тој додаде дека системот ќе овозможи и забрзување на предистрагите преку филтрација на релевантни докази. Самото решение, рече тој,  има за цел намалувањето на секојдневните трошоци и зголемувањето на ефикасноста на вработените.

-Преку нашата мрежа на офицери за врски кои работат на фискален криминал и овде и во регионот, целиме кон градење силни релации со доверливи партнери, не само за да им помогнеме на меѓународните цели на Даночната и царинската управа на Обединетото Кралство, туку да ги идентификуваме и можностите каде што можеме да им помогнеме на нашите партнери во борбата против организираниот криминал и корупцијата, каде и да се случи, посочи Пертриџ, регионалниот менаџер во Даночната и царинска управа на Обединетото Кралство

Тој  потенцира дека Даночната и царинската управа на Обединетото Кралство негува долга и конструктивна соработка со Северна Македонија и таа отсекогаш била многу продуктивна.

Новиот систем во Управата е донација од Обединетото Кралство кое се реализира преку Амбасадата на ОК во земјава, а се имплементира од Даночната и царинската управа на ОК.

Тоа претставува софтверско решение кое ќе го зголеми оперативниот капацитет на Управата за финансиска полиција за подобро следење и откривање на организираниот криминал и ќе ја подобри ефикасноста на процесите и процедурите со што ќе ги подобри перформансите во борбата против сериозниот и организиран криминал.

Tags: меморандумМинистерство за финансииОбединето Кралство
Next Post

Поради запалени прагови на пруга помеѓу Слепче и Браилово не сообраќа единствениот воз на релација Битола-Прилеп- Велес-Скопје

НАЈНОВО

Foto: Wikimedia Commons

Додик и семејството извадени од американската црна листа

October 29, 2025
ФФМ. Фото: Б. Јордановска

Доживотна суспензија за двајца фудбалери на Беса Слупчане и суспензија од 10 натпревари за теренот

October 29, 2025
Фото: Народен театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп

Во прилепскиот театар се подготвуваат претставите „Црнила“ и „Ловец во р’жта“

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk