Владата на Сингапур денеска соопшти дека секој што во јавност ќе носи симболи поврзани со војната помеѓу Израел и Хамас може да биде уапсен и притворен.
Според Владата таквата одлука е донесена бидејќи војната помеѓу Израел и Хамас е „емотивен конфликт“ со потенцијал да „го наруши националниот мир.
Министерството за внатрешни работи на Сингапур соопшти дека согласно националните закони истакнување или носење на странски национални амблеми, знамиња и транспаренти на која било земја е забрането, како и „промовирањето или поддршката на тероризмот“.
За прекршителите предвидена е затворска казна до шест месеци или парична казна до 370 долари или и двете.
На патниците кои пристигнуваат во Сингапур кои не ги почитуваат овие правила може да им биде забранет влез.