ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Клековски: Уште 15 претставки од пациенти за сомнителни кардиолошки интервенции се пристигнати во ФЗО, ги препраќаме до МЗ

October 3, 2025 14:08
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Во Фондот за здравствено осигурување се пристигнати 15 претставки од пациенти за сомнителни кардиохируршки интервенции, кои ги препраќаме до Министерството за здравство за натамошно постапување. Пет се индивидуални претставки, а десет се поднесени од установа. Ова денеска го истакна генералниот директор на ФЗО, Сашо Клековски, кој рече дека досега се пристигнати вкупно 25 претставки од пациенти за сомнителни кардиолошки интервенции.

Претставките, појасни, опфаќаат различни периоди, најстарата е за нешто што се случило во 2010 година.

– Во основа има три категории поплаки, односно претставки: едната е каде можно е да им е направена интервенција на пациенти, а немало потреба од тоа, втората е каде на пациенти требало да им се направи, а не им е направено тоа што требало да се направи, и третата се однесува на пациенти кај кои од тоа што е направено нема да има помош во смисла интервенциите кои се направени кај пациенти кои можеби се во терминална фаза нема да водат кон подобрување на нивната здравствена состојба или кон продолжување на животниот век.  Тоа може да го спореди со давање скапи онколошки лекови на терминално болни пациенти, каде единствено палијативна нега е потребна во моментот, а тоа не е едноставна одлука, но е одлука која мора да биде донесена, рече Клековски, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата за активностите на ФЗО за зголемување на бројот на матични доктори во руралните средини.

Тој апелираше до медиумите дека не треба да се очекуваат брзи резултати и не е пожелно да има брзо резултати, бидејќи тие би биле погрешни.

– Мора да влеземе длабоко во овој процес, бидејќи тој мора да биде процес на учење, каде сме грешеле, што треба да промениме за овие работи да не ни се случуваат во иднина за да ја вратиме довербата во тој сегмент на здравството. Истрагата за Онкологија траеше долго време, дека домашните лекари ги лоцираа можните случаи, дека тие беа испратени во странство на мислење, дека таа постапка трае. Тука брзината е помалку важна од квалитетот на сработеното, бидејќи мора да бидеме сигурни во тоа што ќе постапиме и доколку има сериозни грешки тоа треба да заврши со кривични пријави, да биде еден процес на барање и преземање одговорност, а ние како здравствени власти да извлечеме поука како да го промениме системот од контрола на квантитет кој контрола на квалитет на сработеното, потенцира Клековски.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека индивидуалната одговорност мора да се санкционира, бидејќи грешките се индивидуални, мора да се санкционира како поука за сите други дека ќе има одговорност.

– Ние надвор од гонење за 100 евра мито немаме ниеден сериозен случај во здравството, а има сериозни случаи. Затоа случајот Онкологија е стратешки важен да биде изведен до крај со правосилност без оглед каква ќе биде правосилната пресуда и овој случај мора да биде изведен до крај, додаде Клековски.

Next Post
Фото: Креирано со помош на ВИ

За одредени македонски медиуми, најбитни се реакциите на Кремљ

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk