ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Трета седница на работната група за реформи на изборното законодавство

November 7, 2023 09:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Работната група за спроведување реформи во изборното законодавство денеска ќе ја одржи третата седница и ќе ја разгледува работната верзија од изборниот законик, најави Министерството за правда.  На седницата на работната група, што ќе се одржи во Клубот на пратениците, ќе присуствува и министерот за правда Кренар Лога.

Работна група за реформи во изборното законодавство беше конституирана  на крајот на април годинава, со задача да ги имплементира препораките на ОБСЕ/ОДИХР и да работи на нов изборен законик. Во нејзиниот состав има претставници од СДСМ, ДУИ, Алијанса на Албанците, БЕСА, Алтернатива, Левица и Демократски сојуз, додека ВМРО-ДПМНЕ не делегираше свој претставник.

Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски неодамна ја повика ВМРО-ДПМНЕ да делегира претставник во рамки на оваа работна група,  која треба финално да ги усогласи препораките на ОБСЕ/ОДИХР, посочувајќи во нејзини рамки да се разговара за точниот термин на претстојните избори.

-Она што можам да кажам во врска со подготовката на изборите, во делот на изборниот законик, во делот на нивното одржување во Министерството за правда веќе постои работна група, каде сите политички партии имаат делегирано свои претставници. Така како што е според Закон и процедура. Единствено ВМРО-ДПМНЕ нема делигирано свој претставник. Така што јас ги поттикнувам да делегираат свој претставник, бидејќи не може една или две партии да одлучуваат во процес во којшто учесствуваа 30 и повеќе политички партии, изјави Ковачевски.

По изјавата на Ковачевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, го повтори повикот за одредување на изборните термини, но не во рамки на Министерството за правда. Најави дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ за изборниот законик ќе го изнесат во Собранието.

-Работната група во Министерството за правда работи на измените во Изборниот законик. Тој Изборен законик повторно ќе дојде во собраниска процедура и ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија ќе се произнесе врз основа на тие измени што ќе ги добиеме како предлог. Точно е дека ние не учествуваме, но тоа не значи дека нема да учествуваме во носењето на измените или во носењето на новата верзија на Изборниот законик, изјави Мицкоски.

Tags: изборен законикЛогаправдаработна група
Next Post

Продолжение на комисиската расправа за избор на член на Уставниот суд

Shortcut

Најново

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk