ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Антикризните мерки следната недела, Владата оптимист дека инфлацијата ќе биде под шест проценти до крајот на годината

November 8, 2023 07:52
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Новиот пакет антикризни мерки, според најавите на Владата, се очекува да биде објавен кон средината или крајот на следната недела. Во меѓувреме, мерката со која дел од прехранбените производи се продаваат со „гарантирана цена“ е продолжена до крајот на годината наместо како што првично беше најавено до крајот на овој месец.

Од 20 септември годинава почна да важи мерката за „гарантирана цена“ на вкупно 24 категории прехранбени производи, а на 27 септември беше проширена и со безалкохолните пијалоци, газираната и негазираната вода и пивото. Цените на производите, согласно одлуката, треба да се најмалку 10 отсто пониски од цените регистрирани на 1 август.

Според Владата, мерките во однос на намалувањето на цените на прехранбените производи веќе даваат резултати, а дополнително намалување на цените се очекува и со предложениот закон за нефер трговски практики којшто се очекува идната недела да биде усвоен на владина седница, а потоа и испратен до Собранието.

Министерот за економија Крешник Бектеши вчера во изјава за медиумите рече дека пакетот антикризни мерки бил споделен од Министерството за финансии до институциите вклучени во неговото креирање.

– Најверојатно мерките ќе бидат објавени и ќе почнат со реализација кон средината или кон крајот на наредната недела, рече Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Скопската пиварница.

Додека се чекаат антикризните мерки, вчера Државниот завод за статистика излезе со најновите податоци за трошоците на живот за октомври, според кои инфлацијата е намалена за 1,5 проценти во однос на септември, а зголемена за 3,5 проценти во споредба со октомври лани.

Намалување на трошоците на животот во споредба со септември е забележано кај млекото, јајцата, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук, свежото и разладеното овошје, пивото, сирењето и урдата, месото, лебот и житата и маслото.

Премиерот Димитар Ковачевски е оптимист дека инфлацијата до крајот на годината ќе биде под шест проценти.

-Со сите мерки што ги преземаме, навистина сум оптимист дека инфлацијата ќе успееме да ја сведеме под шест отсто до крајот на годината. Веќе покажавме дека умееме да ја намалиме дури двојно за само една година, изјави вчера Ковачевски по посетата на Скопска пиварница.

Од друга страна, синдикатите измерија дека во октомври минималните трошоци што му биле потребни на едно домаќинство изнесувале 46.198 денари. Според минималната потрошувачка кошничка, што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија, најголем дел односно 19.668 денари биле потребни за храна и пијалоци, а 13.716 денари за режиски трошоци.

Next Post

Репортери без граници најавија сателитски пренос на независни ТВ вести во Русија

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk