ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Делегација на Собранието учествуваше на конференција во Берлин

November 8, 2023 17:34
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: Комисија за европски прашања

Фото: Комисија за европски прашања

Share on FacebookShare on Twitter

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во состав од Арбер Адеми, претседател и Марија Петрушевска член на Комисијата за европски прашања денеска учествувше на Конференција на тема „Парламентарната димензија на Берлинскиот процес“, што се оддржува во Берлин, на покана на претседателот на Комисијата за европски прашања во Германскиот Бундестаг, Антон Хофрајтер.

Како што информираат од собраниската прес-служба, на Конференцијата, на која присуствувале парламентарни делегации на комисиите за европски прашања на земјите од Западен Балкан, а чие оддржување се поклопува со денот на објавувањето на годишните извештаи за напредокот на земјите од ЗБ, се потенцира потребата за вклучување на парламентите од ЗБ во Берлинскиот процес, но и потребата за забрзување на процесот на проширување на ЕУ со земјите од ЗБ, како и на Украина, Молдова и Џорџија.

Претседателот на Комисијата, Адеми имаше обраќање во Првиот панел посветен на „ЕУ-Институционални реформи во однос на пристапувањето на земјите од Западен Балкан и улогата на Берлинскиот процес и неговата парламентарна димензија“, во кое се осврнал на придобивките и предизвиците, кои произлегуваат од Берлинскиот процес. Посочил дека Берлинскиот процес е важен за активно вклучување на парламентите во процесот, како корисна алатка за подигнување на нивото на политичка соработка и инфраструктурно и економско поврзување во регионот.

Адеми потсетил на нашиот евроинтегративен процес, направените реформи и склучените договори за промена на името на земјата со Грција, како и за добрососедство со Бугарија, и во тој контекст промената на методологијата за прием на земјите кандидати, која го пролонгира нашиот почеток на преговорите. Ја истакнал определеноста на Северна Македонија за евроатлантските интеграции како заедничка определба на сите политички партии и на целото граѓанство во земјата. Во таа насока ја нагласил посветеноста на земјата за реализирање на европските реформи, кои не се само за задоволување на ЕУ, туку пред се за граѓаните на земјата, кои бараат владеење на правото, независно судство и администрација, стабилна економија, оддржлива енергетска стабилност и друго.

Пратеничката Марија Петрушевска во рамки на панелот посветен на„Заедничкиот регионален пазар-слободно движење и признавање на квалификациите“ истакнала дека проширувањето со земјите од Западен Балкан треба да биде предвидливо и притоа билатералните прашања да не бидат вклучени во преговарачкиот процес, односно земјите кандидатки да имаат обврска да ги исполнат Копенхагенските критериуми и да имаат оддржливи реформи во борбата против корупцијата и владеењето на правото. Во таа насока, ја нагласила важноста на постигнување на европските стандарди во сите полиња, вклучително и во економските параметри, со цел да се спречи одливот на младите од земјата.

Како што се посочува во собраниското соопштение, заедничка била заложбата на парламентарците да се подржи парламентарната димензија на Берлинскиот процес и во тој контекст, било истакнато дека тој претставува инклузивна можност за регионална соработка на земјите од ЗБ во области од интерес за граѓаните. Притоа, биле истакнати бенефитите за граѓаните со ратификуваше трите договори за мобилност: договорите за признавање на високобразовните квалификации, потоа за професионалните квалификации на докторите по медицина, докторите по дентална медицина и архитектите како и за слободно движење со лични карти.

Во рамките на Конференцијата излагања имале претставници на Експертската француско-германската група, која го изработила Извештајот за институционални реформи на ЕУ, а кои се во насока на реализирање на потребните промени во ЕУ, со кои Унијата ќе се прилагоди на новите предизвици во иднина .Притоа, појаснија дека потребни се промени во институционалното одлучување во ЕУ, со цел едногласното одлучување за одредени прашања да биде заменето со квалификувано мнозинство, за да не се блокираат процесите со вето. На Конференцијата било истакнато дека има и предлози за прилагодување на Унијата за нејзино функционирање со идните земји членки. Било посочено дека во 2030-та година, ЕУ би требало да биде институционално подготвена да фукционира со 35 земји или повеќе.

На Конференцијата обраќања имаше и д-р Сторму Аника Милднер, извршен директор на Аспен институтот, која истакнал дека Аспен е вклучен во БП и дека регионот е централен дел на Европа, кој е важен за стабилноста на Европа, и дека проширувањето треба да продолжи бидејќи е во заеднички интерес.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

July 10, 2025

Мерц: Германија е подготвена да купи американски системи „Патриот“ за Украина

July 10, 2025

ОН: Јуни годинава е месец со најмногу цивилни жртви од почетокот на војната во Украина

July 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски по извештајот од ЕП: Остануваме горди со крената глава, денес Бугарија работеше против нас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дозвола за постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија заглавена – Албанија чекори напред: Владата на Мицкоски го блокира европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државата во пламен, Мицкоски и ДПМНЕ си тераат партиски агенди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk