Новата влада на Словачка денеска го отфрли претходно изготвен план за донирање ракети и муниција на Украина, следејќи го ветувањето на идниот премиер Роберт Фицо да ја запре воената помош за Кијив додека се бори против руската инвазија, пренесува Ројтерс.
Пакетот за помош вклучуваше 140 KUB ракети од системот за противвоздушна одбрана, повеќе од 5.000 парчиња топовска муниција од 125 милиметри и 4 милиони куршуми муниција за мало вооружување, според договорот што беше склучен од преодната влада на земјата на НАТО пред да ја предаде власта минатиот месец.
Подготви: М. Пешевска