Вкупно 220 мерки се изречени во текот на вчерашниот ден на територија на Град Скопје во контроли во областа на сообраќајот што ги спроведува СВР Скопје.
Како што соопшти МВР, за возење повеќе од дозволената брзина има 21 санкциja, 26 мерки се за возење без возачка дозвола, а 22 мерки за неносење на сигурносен појас.
Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, пет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за возач почетник…
– Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението од МВР.