ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Дали се доволни 6 милијарди евра за реконструкција на балканските економии согласно ЕУ стандарди?

November 10, 2023 13:00
in PMD, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонија и другите земји до Западен Балкан ќе добијат 6 милијарди евра од ЕУ за реформирање на економиите со цел приближување до европскиот стандард.

Предвидени се 2 милијарди евра грантови и два пати повеќе, односно 4 милијарди евра заеми.

Се поставува прашањето колку Македонија е подготвена да направи реформи.

Според професорот Таип Јакупи, доколку парите реално се искористат за подобрување на конкурентноста на македонските компании тогаш може да се очекува успех и користење на овие средства. Воедно, Јакупи потенцира дека бизнис секторот во моментов мака мачи со работниците, па и да се искористат овие средства, без работници тешко дека македонската економија може да биде поконкурентна, па смета дека под итно мора да се направи либерализација на пазарот на трудот. Тој вели дека бизнис заедницата има потреба од работници, а Македонија ги нема.

Ангел Димитров од Организацијата на работодавачите на Македонија вели:
„Зголемувањето на европската помош за приближување до европскиот стандард е позитивен чекор, но прашањето е како ние ќе ги искористиме овие средства. Од досегашното искуство се покажа дека финансирањето на различни проекти за реформи во институциите не дадоа резултати. Тоа е најдобро видливо во областа на правосудството, корупцијата и владеењето на правото. Но, не е во добра состојба ниту образованието, здравството, пазарот на труд итн.

Најголемиот број на овие проекти беа водени од разни невладини организации, наместо од самите институции и другите корисници на проектите. Од друга страна најголемиот дел од парите одеа за исплата на разни странски експерти кои овде организираа разни обуки и семинари. Ваквиот начин на реализација на проектите доведува до незаинтересираност на корисниците и за формалноста на целиот процес. Многу поефикасно е проектите да бидат водени од самите институции и корисници кои ќе бидат позаинтересирани од ефектите од овие проекти. Кај проектите кои ги спроведуваат трговските субјекти, состојбата е подобра затоа што тие самите се заинтересирани за ефектите. Поради овие слабости се стекна впечаток дека овие проекти се „перална за пари“ со што се руши интегритетот на самите финансиери, т.е. помагачи, вели Димитров.

Од Сојузот на стопански комори, во разговор со претседателот Трајан Ангелоски ни беше потенцирано дека многу е важно каде и како ќе се искористат овие пари.

Тој лоцираше неколку стратешки слаби страни кои треба веднаш да се отстранат, а ако со овие средства тоа се направи, тогаш економијата може да се забрза.

Како приоритети тој ги наведе: инфраструктурата, која е во многу лоша состојба. Втор приоритет кој е важен, според него е да се стави поголем акцент на отворање на индустриски зони, и воедно да се намалат царините, бидејќи во Македонија царините се три до четири пати повисоки од царините во земјите членки на ЕУ.

„Силно го поздравуваме објавениот План за раст на Западен Балкан.За прв пат имаме резервирани пари за реформите. Шест милијарди евра за Западен Балкан, од кои 1 милијарда евра на располагање за Северна Македонија. Планот за раст ќе ги засили нашата и регионалната економија и со тоа побрзо ќе се намалуваат разликите со економиите на земјите членки на Европската Унија“изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, претставувајќи го планот, кој според него е нешто што земјите од Западен Балкан и го побараа од ЕУ.

Планот за раст предлага интеграција на земјите од Западен Балкан во седум сектори на единствениот пазар на ЕУ и зголемено финансирање преку фонд за реформи и раст. Според најавите од комисијата, сумата од шест милијарди евра начелно ќе биде распределена меѓу земјите од регионот, но ќе се троши флексибилно, што значи дека земјите што побрзо напредуваат во реформите ќе можат да сметаат на парите што „побавните“ земји не ги користат.

Игор Мицкоски

Преземено: Градска.мк

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

„Киберпанк: Надежта е револуција“ – Настан што симулира опстанок во дистопија, инспириран од суровата реалност

May 9, 2025

Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

May 9, 2025

В недела посебен режим на сообраќај во Скопје

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Почина лицето на кое беше пукано во Штип, убиецот е уапсен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk