Руските сили ги интензивираа напорите во секторот Бахмут да ги вратат загубените позиции, изјави командантот на копнените сили на вооружените сили на Украина, генерал-полковник Олександр Сирскиј во објава на Телеграм, пренесува Укринформ.
„Насоката Бахмут. Русите станаа поактивни, се обидуваат да ги вратат претходно изгубените позиции“, напиша тој.
Според Сирски, одбранбените сили дејствуваат професионално и одбиваат непријателски напади.
Како што објави Укринформ, изминатиот ден на фронтот се случиле 80 борбени судири.
Подготви: М. П.
Извор: ЦИВИЛ Медиа