ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ангелов: Позитивна оценка на ЕК за бројот на итни повици 112 во ЦУК

November 13, 2023 10:08
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ОПШТЕСТВО

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов на својот Фејсбук профил информираше дека според извештајот на Европската комисија, Центарот за управување со кризи успешно го имплементирал проектот за воведување на 112 како дел од напорите на земјата за приближување кон ЕУ регулативата, вредностите и стандардите. Бројот 112 е достапен за сите граѓани во целата земја.

„Кога и да се соочат со вистински итен случај, каде било во Р.С. Македонија, граѓаните секoгаш можат да се јават на бројот 112, 24 часа на ден, секој ден, секогаш кога се во опасност или им е потребна полициска интервенција, лекарска помош, противпожарна заштита или сакаат да пријават било каква друга опасност која не е итна но го загрозува нивниот живот, здравје или имот“, потенцираше Ангелов.

Тој додаде дека во работниот документ на Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија во 2023 година, во Поглавјето 27 што се однесува на Животната средина и климатските промени, во делот Цивилна заштита стои дека "Европскиот број за итни повици Е 112 од февруари 2022 година е достапен за сите граѓани во целата земја. Центарот за управување со кризи успешно го имплементираше проектот за воведување на Е 112 како обврска од Законот за управување со кризи и како дел од напорите на земјата за приближување кон ЕУ регулативата, вредностите и стандардите.

„Во Поглавјето 10 Дигитална трансформација и медиуми, се упатува на потребата за
продолжување по истиот пат, имено, зголемување на капацитетите на Е 112 службите и услугите, со подобрување на капацитетите за комуникација помеѓу нив и зајакнати човечки ресурси (по број и континуирана обука)“, посочи Ангелов.

Тој заклучи дека центарот за управување со кризи активно работи на зајакнување и унапредување на бројот 112 со сопствени сили и ресурси но и со аплицирање за нов ЕУ проект за надградба на капацитетите на 112, заклучи Ангелов во својата објава.

Tags: АнгеловЕКЦУК
Next Post

Пауза

НАЈНОВО

Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

August 19, 2025

Николоски: Cелосна реконструкција на железничката линија од Скопје до Кичевo, обезбедени 5,3 милиони евра грант, државата го добила и случајот „Казандол“

August 19, 2025

Сапорт Кочани: Над 4,5 милиони денари обезбедени за засегнатите лица во трагедијата во Кочани

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скирншот, АП

    (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk