На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 241 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкциja, 21 меркa за возење без возачка дозвола, девет санкции за прекршоци што ги прават пешаците, соопшти МВР.
Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, 19 санкции за некористење сигурносен појас, шест мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум мерки за непрописно престројување на возила…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.