Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, ќе учествува на 11. Состанок на спикери на парламенти на земјите од Југоисточна Европа, што денеска и утре ќе се одржува во Будимпешта, Унгарија.
Темата на овогодишниот состанок е „Процесот на европска интеграција во Југоисточна Европа: проширување и/или продлабочување?”, а традиционално состанокот на највисоко парламентарно ниво го организира секоја втора година унгарското Национално собрание за целосно европско интегрирање на земјите од Западниот Балкан.
Како што денеска најавија од собраниската прес-служба, претседателот на Собранието Џафери ќе се обрати на дадената тема пред учесниците од регионот.
Инаку, присуство на состанокот потврдиле и претседателите на Собранието на Република Косово, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, а на состанокот, соопштија од Собранието на РСМ, ќе се обрати и Еврокомесарот за соседски политики и проширување, Оливер Вархеји.