Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно добиена судска наредба, вчера извршиле претрес во дом на Б.А.(25) од Скопје.
Како што денеска соопштија од МВР, при претресот пронајдени се три кеси со марихуана со вкупна тежина од околу еден ипол килограм. Б.А. е лишен од слобода и задржан во полициска станица и против него по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.