ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Состојбата во Газа, заштитата на животната средина и иднината на ЕУ, меѓу темите на пленарната сесија на ЕП.

November 20, 2023 09:38
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Состојбите во Појасот Газа, намалување на емисиите на јаглерод диоксид и на користењето на пестицидите, иднината на ЕУ и европските избори следната година, ќе бидат меѓу темите за дебата на овонеделната сесија на Европскиот парламент во Стразбур.  

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, европратениците денеска ќе расправаат за предлогот за зајакнување на правото на поправки и за стимулирање на потрошувачите да се решаваат на поправка на своите уреди и апарати, наместо да купуваат нови, како и за Законот на нето нула емисии во индустријата, чија цел е сведување на емисиите на штетни гасови при индустриското производство на нулто ниво и зајакнување на процесот на декарбонизација на Европа. Гласањето по двата предлога е предвидено за утре.

Утре во рамки на дебатата за „Иднината на ЕУ“, европратениците ќе ги изнесат своите предлози за промена на договорите на Унијата, чија цел е засилување на капацитетот на блокот, но и зајакнување на гласот на европските граѓаните. Изјаснувањето по овие предлози е предвидено за в среда.

Во текот на утрешниот ден пратениците ќе расправаат и за утврдување ставот на Европарламентот за новите правила за рециклирање и за употребата на рециклираниот материјал, како и за зајакнување на стандардите за намалување на емисиите на јаглерод диоксид од новите автобуси и камиони во ЕУ. Гласањето по двата документи ќе се одржи по дебатите.

Исто така утре, Европарламентот ќе дебатира и за својот став за мерките за обезбедување одржлива употреба на пестицидите и за намалување на ризикот од нив за најмалку 50 отсто до 2030 година. Изјаснувањето на пратениците за овие мерки е закажано за в среда.

За истиот ден е предвидена и клучната дебата на оваа сесија за состојбата во Појасот Газа, во чии рамки европратениците ќе дебатираат со претставници на шпанското претседателство со Советот на ЕУ и на Европската комисија за хуманитарната ситуација, за потребата од ослободување на заложниците и за прогласување итно хуманитарно примирје, што би довело до прекин на огнот и би ги зголемило изгледите за воспоставување мир и безбедност на Блискиот Исток.

В среда пред европратениците треба да се обрати бугарскиот премиер Николај Денков, кој ќе ги изнесе своите ставови и видувања за предизвиците со кои се соочува Европа, како и за нејзината иднина. Пред обраќањето пред пратениците, предвидено е Денков да има билатерална средба со претседателката на ЕП, Роберта Мецола.

За в четврток е предвидена расправа и гласање по предлозите за следните избори за членови на Европскиот парламент, што треба да се одржат во периодот од 6 до 9 јуни 2024 година, за поттикнување на поголема излезност на гласачите и за подобрување на демократските процеси, како и за механизмот за избор на претседателот на Еврокомисијата.

Во рамките на овонеделната сесија за во вторник се предвидени и средби на Мецола со француската премиерка Елизабет Борн и со кенискиот претседател Вилијам Самои Руто, а за в  среда и со финскиот министер за европски прашања Андерс Адлеркројц.

Tags: Блиски ИстокЕПсесија
Next Post

Ивановски обезбеди пласман на главниот турнир Челинџер во Јокохама

Shortcut

Најново

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026
Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

July 19, 2026

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драган Тилев за „Фронтлајн“: Европските реформи мора да продолжат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk