ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Вандали во Парламентот: Агресијата како замена за безидејноста или најава за насилничка предизборна кампања

Вандализмот на Левица е инспириран, всушност, од нивната политичка нерелевантност во која тонат сѐ подлабоко и во самоизолацијата на која си се осудија самите себеси заради регресивните политики за кои е невозможно да најдат партнери и поширока поддршка. Оттаму, не им преостанува ништо друго освен хистеријата соочени со фактот дека нивните идеолошки ментори (Русија и Кина) апсолутно не поминуваат во земјата и регионот и покрај сите напори тоа да биде поинаку.

November 21, 2023 14:37
in PMD, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Зоран БОЈАРОВСКИ

Хистеричното и насилничко однесување на пратениците на Левица во собранието, главно се оценува како агресија како замена за безидејноста или најава насилничка предизборна кампања, во посериозните анализи и мислења, или како циркузантско и незрело однесување во коментарите на социјалните мрежи.

„Тоа е израз на немоќ. Веројатно пресметките се дека нема да направат доволен број на пратеници на следните избори. Тоа невструва една опасна варијанта дека во периодот што следува, ако продолжи вака со бруталности, веројатно ќе имаме нова компонента за политичка дестабилзиација“, оцени уредникот на магазинот „Капитал“ Љупчо Зиков.

Зиков уште вели дека насилничкиот инцидент на Левица директно ја компромитрира позицијата на ВМРО-ДПМНЕ, која, како што вели тој, успеаја да направат дистинкција појасна од Левица.

„Во последно време се потсмирени веројатно се спремаат за избори. Никогаш не се одлепија од методите со кои претходно владееја“, вели Љупчо Зиков.

Од друга страна, пак, и ВМРО-ДПМНЕ го осуди насилничкото однесување на пратениците на Левица во Собранието. Според партијата на Христијан Мицкоски, лидерот на Левица, Димитар Апасиев „би можел да употреби и нуклеарно оружје чисто да ни покаже, колку тој знае да е опасен, ако во бифето му дадат горко наместо благо кафе“.

За СДСМ Левица и ВМРО-ДПМНЕ се лонче и капаче.

„Целата македонска јавност виде каков хаос следи со Левица и ДПМНЕ, тие се лонче и капаче. Дивеењето на Левица во Собранието е потврда на она што го говориме цело време. Со Левица и нивниот коалициски партнер ДПМНЕ можни се само инциденти, насилства и хаос“, реагира СДСМ утрово по вчерашните инциденти во парламентот.

„Односот на Левица и ДПМНЕ кон Собранието е однос кон државата, однос кон граѓаните. За дивеењето мора да им одговорност од пратениците на Левица. Очекуваме надлежно јавното обвинителство веднаш да поднесе соодветни кривични пријави. СДСМ нема да дозволи сценаријата на проруската Левица и нивните коалициски партнери да успеат“, се вели во партиската реакција на СДСМ.

Освен партиските реакции, со осуда на вандалското однесување реагираа и аналитичарите од граѓанските организации кои потсетија дека пратениците со стапувањето на должноста потпишуваат Кодекс за однесување во Собранието на Северна Македонија.

Дијана Тахири од Цивил потсетува дека за време на дебатите минатата година,  непосредно по протестите за таканаречениот „француски предлог“, се дискутираше токму за говорот на омраза насилството што се поттикнува, од собраниската говорница.

Тахи наведува дека на панелот, во организација на Цивил, пратениците истакнале дека тие потпишуваат Кодекс за етичко однесување во Собранието на Република Северна Македонија, со кој се уредуваат основните етички начела, правила и стандарди на однесувањето на пратениците во Собранието.

Во Членот 6 од Кодексот пишува:

(3) Пратеникот се воздржува од постапки и говори со кои може да предизвика омраза, и нетрпеливост и насилство во лична, идеолошка, верска, национална, полова или расна основа.

(4) Пратеникот ги почитува овластувањата на другите избрани и именувани лица, на државните службеници и на другите вработени во Службата на Собранието, нема да врши притисок на нивните работни задачи и нема да поттикнува и помага однесување спротивно на Кодексот.

Но, Кодексите, особено тие за етичко однесување, истакнува Тахири, очигледно е дека се креирани само за потписи и понекоја фотографија, бидејќи не го почитуваат тие што го потпишуваат.

Како и да е, не е далеку од вистината дека вандализмот на Левица е инспириран, всушност, од нивната политичка нерелевантност во која тонат сѐ подлабоко и во самоизолацијата на која си се осудија самите себеси заради регресивните политики за кои е невозможно да најдат партнери и поширока поддршка.

Оттаму, не им преостанува ништо друго освен хистеријата соочени со фактот дека нивните идеолошки ментори (Русија и Кина) апсолутно не поминуваат во земјата и регионот и покрај сите напори тоа да биде поинаку.

Сепак, нивното однесување не треба да се игнорира целосно и нивната состојба треба да се биде набљудувана затоа што е индикација од којашто може да се предвидат некои идни обиди.

На некои од нив укажува и искусниот хорничар на нашиот современ политичк фолкор Зоран Иванов.

„Ова летањево хартии, неколкуте микрофони и еден, два преносни компјутери и архиварското администрирање со чевларски манири е некаква хормонална последица, покажување машкост, перчење со пратенички имунитет, само примитивен популистички маркетинг или што и да е, неважно е“, вели искусниот новинар Зоран Иванов во текст за Цивил медиа.

Важното е, истакнува Иванов, што предизборната реа почнува да задушува, па само како некаква инфантилна палавост ќе се регистрира вчерашното вандалско дивеење во собранието на пратениците на Левица Крмов и Апасиев, а наспроти неодамнешните јавни закани на уредникот на телевизиската „Заспиј, ако можеш“ Момироски кој, следејќи го вокабуларот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски дека ќе „апсел, судел и пресудувал“. Плус, дополнува Иванов, му излета фрустрирачката закана дека „и глави ќе се тркалаат“, навестувајќи така некаква жестока одмазда кога ќе паднела оваа и кога повторно ќе се устоличела по „чесност“ веќе докажаната партија чии „чесни“ функционери со години талкаат по судници, притвори и затвори.

Да заклучам во оваа една реченица, вели новинарот Зоран Иванов, избори идат па ајде и тоа чудо да го видиме, ај што засега само хартии летаат, туку и глави, нели, ќе се тркалаат.

Извор: Рацин.мк

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Димитар АпасиевКрмовЛевица

НАЈНОВО

Скриншот

Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

July 5, 2025
Фотомонтажа: Коалиција Маргини

Коалиција Маргини: Репродукција или казна – Како власта ни ја дисциплинира иднината

July 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца и младите да стапуваат во брак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk