Таксистите во Атина, организирани од нивниот Синдикат во шест часот утрово започнаа 24-часовен штрајк поради новиот предлог-закон за оданочување и справување со затајувачите на данок, со што грчката метропола денеска ќе биде без такси превоз, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Синдикатот соопштија дека преку штрајкот бараат Владата да го повлече законот, за кој велат дека „даночниот систем во земјата го враќа во турско време“, бараат праведна плата за нивната работа и ги повикуваат сите такси возачи да учествуваат во денешниот штрајк.
Минатиот четврток, таксистите имаа седумчасовен прекин на работата, а за денеска закажаа 24-часовен штрајк.