ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Хукстра: Мораме да ги оствариме климатските цели – планетата нема време за губење

November 22, 2023 09:24
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Остварувањето на климатските амбиции што ги постави Европска Унија изгледа прилично комплицирано ако се погледнат различните позиции и интереси што ги имаат одредени земји или групи на земји, оценува еврокомесарот за климатска политика Вопке Хукстра во интервју за Европската новинска редакција (ЕНР), чија членка е и МИА.

– Ако само ја погледнете позицијата на Кинезите, на земјите производители на нафта, на државите во Европа, на нашите пријатели од Африканската Унија, од Латинска Америка, на малите островски земји, ќе видите многу различни позиции, врз кои ќе беше тешко да се постигне успех и во понормални околности. Но, ако потоа погледнете што се случи со светот во последните да речеме, пет, шест, седум години, работите станаа уште потешки поради геополитиката – ужасната војна што ја водат Русите во Украина, сите тензии на Блискиот Исток и тензиите во Индо-Пацификот, вели Хукстра.

Според него, парадоксално е што и во ваква ситуација, иако е многу тешко, неопходно е да се дојде до резултати, бидејќи планетата Земја нема време за губење.

– Апсолутно нема алтернатива освен да продолжиме на патеката на која се наоѓаме за остварување на амбициите, додава еврокомесарот.

Тој потсетува дека ако се погледнат бројките, Европа во моментов е одговорна за само седум проценти од глобалните емисии на штетни гасови, а 93 отсто доаѓаат надвор од европскиот континент, па затоа ако не се најде решение климатски промени ќе има не само во другите делови на светот, туку исто така и на европско тло.

Според него, при спроведувањето на климатската транзиција, ЕУ мора да преземе мерки за заштита на семејствата со мали и средби приходи, но и на големите корпорации.

– Таквата транзиција може да успее само ако имаме многу широк консензус и поддршка од нашето население. Но, и ние мораме да се погрижиме луѓето да видат дека ова е иднина од која што ќе имаат корист, додава Хукстра.

Еврокомесарот потенцира дека ЕУ е подготвена да го преземе својот дел од одговорноста, но тоа мора да го направат и другите, како што е Кина која е втора по големина економија во светот.

– Со сето тоа богатство и со сета таа економска моќ, доаѓа и одговорноста, вели Хукстра, потенцирајќи дека малите островски држави во развој и земјите во Африка иако не се одговорни за климатските промени, сепак се соочуваат со нивните последици, како што се суши, поплави и поројни дождови.

Според него, сите треба да направат повеќе во намалување на емисиите на штетни гасови и во постепено намалување на употребата на фосилните горива, пред се на јагленот кој предизвикува најголеми штети.

– Ова не е ресторан каде што можете да изберете само една работа без другите елементи, тоа едноставно не е можно, вели Хукстра во интервјуто за ЕНР.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Вопке ХукстраинтервјуКлиматски промени
Next Post

Атина денеска без такси превоз

НАЈНОВО

Филипче до Максим Димитриевски: Со подизведувачи на ДПМНЕ и предавници на социјадемократската идеја не дебатирам

October 8, 2025
Фото, генерирано со ВИ

Мелони со закон против бурки и никаби на јавни места во Италија

October 8, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп: Договорот за Газа е блиску, можеби ќе го посетам Блискиот Исток во текот на викендот

October 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 8 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсена сопругата на лекарот во кого беше пукано во Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци, пратеник и носител на независна листа за Локалните избори 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Религија.мк: Владиката Петар во Москва служи литургија со Рускиот патријах Кирил – ќе се помоли за руската воена победа во Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk