Во сообраќајна контрола вчера на територија на град Скопје изречени се вкупно 125 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 19 санкции, четири мерки за возење без возачка дозвола, три мерки за недавање првенство на минување на пешаци.
Како што информираат од МВР, изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за некористење сигурносен појас, седум мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло…
МВР укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.