Во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 144 возачи.
Како што соопштија денеска од МВР, од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 78 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 66 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.