ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска: Верувам во сите жени, нивните способности и нивните можности за успех

November 23, 2023 15:57
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска беше дел од панел дискусијата „Улогата на националните, регионалните и локалните институции во јакнењето на женското претприемништво“ заедно со Извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, Раководителката на програмската канцеларија на UN Women во Република Северна Македонија, Весна Ивановиќ – Кастаред и Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов. Панелот беше организиран во рамки на третиот годишен самит на Националната платформа за женско претприемништво – Жени во претприемништвото – Клуч за зајакнување на економијата.

Министерката на почетокот на своето обраќање зборуваше за важноста на политиките за родова еднаквост. Таа истакна дека тие овозможуваат еднаков пристап до ресурси и на мажите и на жените и објасни дека тоа е насоката по која треба да се водат креаторите на политики за да го поттикнуваат економското зајакнување на жените.

„Оперативниот План за вработување содржи мерки и активности насочени кон економско зајакнување на жените. Најатрактивни се мерката за самовработување која овозможува и на жените и на мажите да отворат свој бизнис да го остварат својот сон со грант од 5000 евра за еден основач а двајца содружници 10 000 евра. Значајно е тоа што над 40% од добиените грантови се искористени од жените и согласно анализите бизнисите кои ги отвораат жените покажуваат особен успех“ рече Тренчевска.

Според податоците за кои зборуваше Тренчевска во 2023 година до сега во активните мерки и програми 51% од вклучените лица се жени. Таа зборуваше и за младите девојки кои се дел од производствената дејност. Министерката истакна дека Владата нив дополнително ги зајакнува преки Законот за младински додаток кој одредува дека на секое младо лице до 23 години вклучено во производствена дејност следува дополнителни 3000 денари на сметка. Во 2023 година 904 девојки се дел од примателите на овој додаток на ниво на целата држава.

Тренчевска на крајот од своето обраќање се искористи со имињата на кампањите кои изминатите две години ги спроведе Министерството за труд и социјална политика и рече:

„Ги поттикнувам жените да бидат „Гласни и храбри“, да веруваат во себе и да „Остават трага“ во општеството и да бидат дел од нашата заедничка „Сложувалка““.

Таа со крајот на нејзиниот настан ја најави кампањата „Сложувалка“ која по повод 16 дена активизам за борба против насилството врз жените која започнува официјално со настан на 24.11.2023 година.

Tags: Жени во претприемништвотоТренчевска
Next Post

Вицепремиерот Битиќи на Самитот за женско претприемништво: Затворањето на родовиот јаз е клучно за одржливиот раст и развој на економијата

НАЈНОВО

Ѓорѓиевски: За прв пат во историјата на Македонија наеднаш се градат многу училишта, градинки, спортски објекти и патна инфраструктура

August 24, 2025

Врачување на највисоките признанија на СВП на традиционалната манифестација „Мостови“

August 24, 2025
Фото: Укринформ

Канадскиот премиер Карни пристигна во Кијив

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тајните на Месечината: Зошто не сме ја посетиле со децении по Аполо мисиите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk