ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Вишиот управен суд одлучи: Проектите на Милчо Манчевски да останат финансиски стопирани од страна на Агенцијата за филм

Дали е на повидок разрешување за предметот за финансиското работење на „Банана филм“ кои се однесуваат на потрошени 950.000 евра, за кои не е доставен извештај, како и трансакции на „Банана филм“ кон фирми во Њујорк, САД? Дали институциите како Вишиот управен суд, вклучително и ДКСК ефикасно и законски ќе постапат до конечно расчистување на случајот со „Банана филм“?

November 23, 2023 11:45
in PMD, ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Во документот до кој дојде нашата редакција се наведува дека Вишиот управен суд постапувајќи по жалбата на АФРСМ го одби како неосновано барањето на тужителот – Друштво за филмска продукција „Банана филм“ од  Скопје за определување на времена мерка со која бара да се одложи од извршување Решението на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, а кое се однесува на стопирање на новите проекти на продуцентската куќа на Милчо Манчевски.

Во образложението на судот се наведува дека жалбата на АФРСМ за првичната одлука на Управниот суд да го уважи барањето на тужителот „Банана филм“  да се одложи извршувањето по одлуката за времена мерка и замрзнување на проектите на тужителот е основана.

„Вишиот Управен суд од списите на предметот утврди дека Агенцијата за филм на РСМ донела решение од 10.05.2023 со кое во точка 1 од диспозитивот одлучила : Се прекинува натамошното финансирање и постапување на проектите „Кајмак“ и „Биста“ во продукција на продуцентот „Банана филм“ ДООЕЛ Скопје поради потреба од решавање на претходното прашање-постоење на основи на сомнение во однос на вистинитоста на изјавите од член 26 став 2 точка 5 од Законот за филмска дејност доставени како доказ од страна на продуцентот „Банана филм“ во наведените проекти. Во точка 2 од диспозитивот на решението органот одлучил: Постапките по проектите се прекинуваат додека да се реши прашањето за кое е надлежен суд односно јавен орган. Во точка 3 од диспозитивот на решението е одлучено ова решение влегува во сила со денот на неговото донесување““, пишува во дел од образложението на Вишиот Управен суд.

Оваа висока правна инстанца, Вишиот Управен суд најде дека Управниот суд го повредил законот на штета на тужениот орган.

Според Вишиот Управен суд сосема јасно од наведените законски одредби произлегува дека во секој случај треба да се цени дали извршувањето на актот би му причинило штета на тужителот која тешко може да се надомести , а истовремено се цени и јавниот интерес кој може да биде загрозен со донесување на одлука со која се одлага извршување на управниот акт.

Овој суд цени дека Управниот суд го зел во предвид само интересот на тужителот, занемарувајќи го јавниот интерес односно спорот за финансиското работење на продукцијата за кое АФРСМ донел одлука да ги стопира натамошните финансирања на проектите до расчистување на овие сомнежи.

А. В. / Нова ТВ

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Агенција за филм на РСМВиш управен судМилчо Манчевски

НАЈНОВО

Промоција на сликовницата „ДРУГАРКА, ДРУГАРКО И ДВЕ МАЧЕНЦА“

May 27, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Обвинителен акт против организирана криминална група за тешки кривични дела, вклучувајќи убиства, изнуда и тешки дела против општата сигурност

May 27, 2025

Пуштена и последната пациентка од болницата во Солун, на лекување во Грција остануваат уште двајца повредени од трагедијата во Кочани

May 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Рената Дескоска примена во Европската академија на науките и уметностите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која нација ѝ припаѓале Св. Кирил и Методиј и кој јазик го говореле?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Советникот на корумпираниот бегалец Груевски на чело на македонското здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешниот советник на Груевски и „другар“ на Али Ахмети се очекува да биде министер на Мицкоски за здравство!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Скопје без струја и вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk