Египет планира да испорачува 130.000 литри дизел гориво и четири камиони бензин во Појасот Газа секој ден, откако хуманитарното примирје меѓу Израел и Хамас стапи на сила утринава во 7 часот по локално време, изјави шефот на египетската Државна информативна служба Дија Рашван.
Неколку часа пред очекуваниот прекин на огнот, египетскиот претставник изјави дека во палестинската енклава, покрај гориво, се очекува секој ден да влегуваат и 200 камиони натоварени со хуманитарна помош.