Панихидата ја водеше Бискупот на Римокатоличката црква во Скопје и Македонската грко-католичка црква, Киро Стојанов.
На овој ден, го почитуваме споменот на сите жртви на страшната трагедија, кога гладот, вештачки создаден од тоталитарната советска влада, беше употребен како оружје за масовно уништување на украинскиот народ за да го потчини, брутално да ги потисне неговите аспирации за создавање на независна држава, да ја уништи украинската нација, нејзиниот идентитет, историја и култура, стои во објавата на Фејсбук на Амбасадата на Украина.
Благодарност до Бискупот Киро Стојанов,за одржување на панахида за жртвите на Гладоморот од 1932-1933 врз Украина извршен од советскиот тоталитарен режим изрази и Амбасадорката на Украина во Република Северна Македонија Лариса Дир.
Искрена благодарност до Бискупот Киро Стојанов,за одржување на панахида за жртвите на Гладоморот од 1932-1933 во🇺🇦,извршен од советскиот тоталитарен режим
Благодарност до државите кои го признаа Гладоморот од 1932-1933 како геноцид врз🇺🇦народ,кој го продолжува државата-терорист🇷🇺 pic.twitter.com/9aU1bvjCaG— Larysa Dir (@dir_larysa) November 26, 2023
Извор: ЦИВИЛ Медиа