ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Европските лидери на Самитот на ОБСЕ со осуда на руската агресија и силна поддршка за украинскиот народ, Лавров маргинализиран

December 1, 2023 08:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ОБСЕ е живо, неговата вредност е колку повеќе се користи за надминување на несогласувањата. Блокадата или непочитувањето на принципите на Организацијата е директна закана кон нејзините основни вредности за кои се заложува уште од 1975 година, се главните пораки што беа испратени од Министерскиот совет на ОБСЕ што вчера се одржа во Скопје.

Европските лидери ја осудија руската агресија врз Украина и упатија силна поддршка за украинскиот народ, а дел од нив ја напуштија салата за време на обраќањето на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, кој во своето обраќање рече дека она што моментално се случува во ОБСЕ не е вистинскиот начин на кој треба да се третираат европските безбедносни прашања. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров беше маргинализиран на Самитот.

Поради доаѓањето на Лавров во Скопје, министрите за надворешни работи на Украина, Естонија, Летонија, Литванија, Романија и Полска го откажаа своето учество на Министерскиот совет, но делегации од земјите како и дел од нивните амбасадори во ОБСЕ, сепак, допатуваа на состанокот.

Премиерот Димитар Ковачевски, отворајќи го состанокот, порача дека визијата на ОБСЕ како платформа за кооперативна и сеопфатна безбедност, беше сериозно тестирана во реалноста, а најмногу директно почувствувана од украинските граѓани.

-Воената агресија на Руската Федерација против Украина продолжи со несмален интензитет и разорувачки последици, потврдувајќи ја својата неоправданост и неправедност, рече Ковачевски, додавајќи дека народот на Украина заслужува мир и оти постигнувањето праведен и одржлив мир останува императив.

ОБСЕ

Додаде дека оваа војна продолжува да ги поткопува и темелите на ОБСЕ и затоа, рече,  како клучно безбедносно прашање на нашиот регион и пошироко, централен приоритет за нашето претседавање беше и останува да биде обезбедување суштинска поддршка за Украина и нејзиниот народ низ димензиите на ОБСЕ.

Според Ковачевски, победила дипломатијата за договорот Малта да биде следен претседавач со Организацијата.

– Ова апсолутно не е никаква дипломатска победа на Русија, ова е дипломатска победа на ОБСЕ со оглед на тоа дека беше доведено во прашање функционирањето на ОБСЕ. Со ова ОБСЕ ќе продолжи да функционира, ќе продолжи да биде гарант на обезбедување на развој на демократските и на мирните процеси во Европа, рече Ковачевски.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи испрати „порака на надеж дека нема да ја пропуштиме нашата средба со историјата, дека ќе одговориме на тежината на моментумот и дека ќе обезбедиме предвидлива и конструктивна иднина за ОБСЕ“.

ОБСЕ

– Ќе ги пренесам трите пораки дека ОБСЕ опстои и продолжува да испорачува. Северна Македонија го презеде претседавањето со ОБСЕ во година на активна војна со невидените досега закани по европската безбедност и по меѓународениот поредок базиран на правила. Руската воена агресија врз Украина ги прекрши сите правила на Организацијата, Финалниот акт од Хелсинки и други клучни документи за европската сигурност и човековите права. Војната ги поктопа довербата, дијалогот и нашиот капацитет да испорачаме, а над се таа ги уништи животите на обичните луѓе, нивното право да живеат слободно, сочени со стравот од војната и создадените воени услови. Во рамки на ОБСЕ, дијалогот и соработката беа заменети со поделби и поларизација. Консензусот често инструментализиран за постигнување национални политички цели, наместо да му служи на колективниот интерес, стана оружје правејќи ги постигнувањето на практичните цели далечни и тешко достижни, рече Османи во обраќањето.

ОБСЕ

Германската министерка за надврешни работи Аналена Бербок, нагласи дека соработката во ОБСЕ мора дополнително да се зајакне иако Русија постави огромни пречки на патот на работата во последните година и пол.

– Како ниедна друга организација, ОБСЕ се залага за безбедност на повеќе од 1,3 милијарди луѓе, што значи дека тие сакаат да живеат заедно во мир и безбедност и добар економски развој, нагласи Бербок, истакнувајќи дека фактот што Русија не успеала да го уништи ОБСЕ е важен придонес за мировниот поредок.

ОБСЕ

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека она што моментално се случува во Организацијата не е вистинскиот начин на кој треба да се третираат европските безбедносни прашања. Тој пред учесниците на Министерскиот совет истакна дека западните престолнини постапуваат така што го поткопуваат работењето на ОБСЕ.

Лавров го злоупотреби и го пречекори времето кое му беше дадено за да се обрати на Самитот, спроведувајќи ја својата агенда полна со дезинформации и руска пропаганда, без да води сметка за причината поради која му беше овозможено да присуствува во земја членка на НАТО.

Рускиот министер, очигледно исфрустриран поради тоа што неговото обраќање беше бојкотирано од дел од делегациите, кои станаа и ја напуштија конференциската сала веднаш откако претседавачот на ОБСЕ, Бујар Османи, го најави обраќањето на шефот на руската дипломатија, како и од критиките кои беа  упатени кон него од останатите делегации на Самитот, се оглуши на барањата на останатите делегати да го скрати говорот и да остави простор за останатите партиципиенти да го изнесат своето излагање. Шефот на руската дипломатија, неподготвен за критиките за кои беше свесен дека следуваат, ја напушти пленарната седница  веднаш по сопственото излагање.

Бугарските власти, кои првично дадоа дозвола, сепак на крајот истата ја повлекоа и не дозволија прелет на авион со кој рускиот министер требаше да допатува во Скопје, па мораше да лета 5 часа преку воздушниот простор на Грција и Турција. Причината која ја наведоа властите во Софија за одлуката, е тоа што во авионот, како дел од делегацијата, била и портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.

О'Брајан, кој за таа функција беше предложен пред неколку месеци од американскиот претседател Џо Бајден, ќе биде претпоставен на американскиот пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Помошникот-државен секретар на САД за Европа и Евроазија Џејмс О’Брајан, пак, во своето обраќање потенцира дека е потребно да се упати сериозна критика за секој кој има намера да го блокира функционирањето на ОБСЕ, затоа што тоа би било директна закана кон нејзините основни вредности и заложби, но и кон животите на милиони луѓе кои се обидуваат да ги уживаат основните човекови права.

-Нашето присуство тука не е само привилегија туку и наш избор, бидејќи сме свесни дека секој од нас работи на тоа да ги достигне аспирациите за остварување на основните човекови права, а токму за ова потребна ни е и помош од нашите партнери. Ја поддржуваме Организацијата не само заради нас. Тука сме да бидеме еден за друг, тука сме за најранливата популација во секое општество, рече О’Брајан.

Тој останува на ставот дека руската офанзива кон Украина е директна закана за слободата на цивилното население, за меѓународното право и принципите на оваа Организација.

Во десетата година од анексијата на Крим, во 2024 година, според Цимбаљук, ОБСЕ како никогаш досега има потреба од силно лидерство од одбрана на принципите на Организацијата, со дополнителна

Украинскиот амбасадор во ОБСЕ, Евгениј Цимбаљук во обраќањето на 30. Министерски самит на ОБСЕ во Скопје, изрази благодарност до сите земји за поддршката на Украина во борбата за слобода против Русија, со кое, како што рече, придонесуваат и за одбрана на иднината на ОБСЕ.

Цимбаљук, симболично во своето обраќање, пред делегатите покажа и пет зрна изгорени од Русија со ирански дрон, објаснувајќи дека Русија  има уништено стотици илјадници тони житарки, со што, како што нагласи, остави многу семејства низ целиот свет без храна.

Во 2024 година, според Цимбаљук, ОБСЕ како никогаш досега има потреба од силно лидерство во одбрана на принципите на Организацијата, со, како што рече, дополнителна изолација на Русија и нејзините малигни акции во рамките на истата.

 

null

Министрите од Западен Балкан потпишаа заедничка изјава за борба против корупцијата

Во рамки на Министерскиот совет на ОБСЕ беше потпишана и заедничка изјава за борба против корупцијата меѓу шефовите на дипломатиите на Северна Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина.

Потпис на изјавата, чиј текст беше усогласен на 31 октомври во Скопје за време на Регионалната конференција за борба против коруцијата и перење пари која ја организираше Северна Македонија како претседавач со ОБСЕ, ставија шефот на дипломатијата Бујар Османи, министерот за Европа и надворешни работи на Албанија, Игли Хасани, министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ, министерот за надворешни работи на Црна Гора, Филип Ивановиќ и српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.

-Замолувам да не ни се држат лекции од страна, бидејќи сите земји членки на ЕУ сега да треба да поминат низ она што поминуваме сите ние тука за да влеземе во Унијата, тогаш три четвртини од земјите не би го поминале тестот, рече шефот на српската дипломатија Дачиќ.

Според Дачиќ, борбата против корупцијата и организираниот криминал не може без целосната координирана акција и меѓународна соработка.

Денеска, на последен ден од Министерскиот состанок, ќе се одржат три придружни настани на тема „Млади и граѓанско општество“, „Се работи за луѓето – влијанието на теренските операции на ОБСЕ во 2023 година“ и „Зачувување на плурализмот – безбедност на жените новинарки“.

Акредитираните новинари ќе можат да ја проследат и завршна пленарна сесија на Министерскиот совет на ОБСЕ по која ќе следува завршна прес-конференција со претседавачот, министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи, со претствник на Малта која е следниот претседавач на Организацијата и генералната секретарка на ОБСЕ Шмид.

На Министерскиот совет учествуваат околу 1000 делегати од 57 земји членки на Организацијата и земји партнери.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЛавровСамит ОБСЕСкопје

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 3, 2025
Фото: Укринформ

Осум загинати во нови руски напади врз Украина

July 3, 2025

Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk