ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Пет инфраструктурни проекти во пет македонски општини ќе се реализираат со словенечка помош

December 1, 2023 11:46
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Со словенечка помош во вредност од 2,1 милиони евра ќе се реализираат пет инфраструктурни проекти во пет македонски општини. Тоа го овозможува Меморандумот за меѓународна развојна соработка за периодот 2023-2024 година што денеска го потпишаа вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и вицепремиерката и министерка за надворешни и европски работи на Словенија, Тања Фајон врз основа на договорот за Развојна соработка потпишан уште во 2004 година.

Согласно Меморандумот, Владата на Словенија со 1,3 милиони евра ќе ја помогне изградбата на системот за прочистување на отпадни води во сливното подрачје на Дојранското Езеро, а со 225 илјади евра изградбата на хидроцентралата Б на браната Кнежево во општина Кратово чиј вкупен буџет изнесува 450 илјади евра. Со 224 илјади евра ќе ја помогне изградбата на системот за намалување на  загубата на вода во општина Кочани чиј вкупен буџет изнесува 448 илјади евра, со 100 илјади евра ќе го кофинансира енергетското реновирање на зградата на градинката и ќе учествува во подигање на еколошката свест кај децата во општина Штип, а со 50 илјади евра ќе помогне во поставувањето соларни панели во општина Крива Паланка, проект вреден 100 илјади евра.

-Станува збор за проекти што ќе им донесат сериозни директни придобивки на граѓаните на овие пет македонски општини, но и на целата наша држава. Добрите искуства со подготовката и евалуацијата на проектите ќе се пренесат и во наредниот циклус. Уште на почетокот на 2024 година ќе започнеме со координација за нови проекти за следниот меморандум за разбирање кој ќе важи за 2025 и 2026 година, рече Маричиќ на прес-конференцијата во Владата по потпишувањето на Меморандумот.

Нагласи дека Република Словенија на овој начин влегува во врвот на билатералните донатори кон земјава.

-Покрај поддршката што ја добиваме од Словенија за инвестициските инфраструктурни проекти за нас многу важна е техничката поддршка во делот на процесот на интеграција со Европската Унија. За финансирање на овој вид активности ќе ни бидат ставени на располагање речиси 260 илјади евра. Нашите институции имаат одлична соработка со Центарот за европска перспектива, особено во областа на борбата против организираниот криминал и корупцијата што значително придонесува за транспонирање и имплементација на правото на ЕУ во рамките на важното поглавје 24 – Правда, слобода и безбедност, рече Маричиќ.

Покрај билатералната развојна соработка, како што додаде, имаме огромен потенцијал за соработка и во рамки на ИПА инструментите, како што се твининг и таекс. Исклучително значајни се и проектите за усогласување на националните системи со барањата на ЕУ за гранично управување. Словенија силно го поддржа и новиот пакет за проширување на ЕУ до 2030 година со земјите од Западен Балкан и секогаш во сите свои заложби на посебно место и како приоритет ја става земјава.

Словенечката министерка за надворешни работи нагласи дека Словенија е присутна тука со сите свои развојни институти со што, како што рече, јасно покажува колку многу се труди и во развојот и како партнери на Северна Македонија. Посочи дека посакува земјава да го продолжи европскиот пат и нагласи дека на следната меѓувладина конференција кога ќе се отвори првиот кластер на преговори, Словенија ќе ја понуди својата помош.

-Северна Македонија е една од најважните партнерки на Словенија. Ние веќе десетици години не само што помагаме за влез на Северна Македонија во ЕУ тоа го поддржуваме и со развојни проекти. Денеска го потпишавме петтиот меморандум, рече Фајон и додаде дека од 2010 година досега Словенија инвестирала повеќе од 43 милиони евра во земјава во проекти за заштита на животната средина.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: општиниПроектисловенечка помош

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Маск повторно го отвори прашањето за формирање на трета политичка партија во САД

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца и младите да стапуваат во брак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk